20/04/2026
Одаме јако🐾
Историски успех: Македонија домаќин на престижен европски grooming шампионат во 2027год
Македонската асоцијација на стилисти за миленици е професионално здружение кое ги обединува грумерите и стилистите за домашни миленици во Македонија, со цел унапредување на стандардите, едукацијата и културата на одговорно сопствеништво. Како единствен правен и институционализиран претставник на оваа дејност, асоцијацијата активно работи на професионализација на индустријата, следење на европските трендови и заштита на благосостојбата на милениците, преку континуирана обука, соработка и меѓународно вмрежување. Воедно, асоцијацијата е дел од Европската Груминг Асоцијација, како највисоко европско професионално тело во оваа област.
Како признание за квалитетот и професионалниот интегритет на асоцијацијата, Македонија – како единствена држава од поранешна Југославија – ја доби честа и привилегијата да биде домаќин на Skopje Grooming Championship 2027, настан организиран под целосна закрила на Европската Груминг Асоцијација. Овој настан е веќе објавен на официјалната веб-страница на асоцијацијата, рамноправно позициониран покрај престижни европски и светски груминг настани во земји како Италија, Белгија и Англија.
Наскоро повеќе информации : stay tuned ;)