Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје

Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје Зоолошката градина е основана во 1926 година ,а во својата колекција располага со 495 животни од 96 видови. Работи 365 дена во годината

Работиме 365 дена во годината

27/05/2026

Во Скопје ЗОО деновиве имаме посебно убава и нежна приказна, нашите фламинга внимателно го чуваат првото јајце што го имаме во јатото 🥰

Мајката постојано е околу јајцето, а најубавиот дел е што целата група се однесува заштитнички и будно дежура во нејзина близина. Фламингата се социјални птици кои живеат во колонии, па токму затоа ова однесување е природен и прекрасен пример за нивната поврзаност, грижа и заедништво.

Нашиот стручен тим внимателно ја следи состојбата, без непотребно вознемирување, за да им овозможи мирна и безбедна средина. Ова е важен момент за Скопје ЗОО и со голема радост, но и со трпение, го следиме развојот на оваа приказна.

Природата секогаш најубаво нe потсетува дека љубовта е грижа. 🦩

🌎Скопје ЗОО го одбележа Меѓународниот ден на биодиверзитетот заедно со Министерството за животна средина и просторно пла...
26/05/2026

🌎Скопје ЗОО го одбележа Меѓународниот ден на биодиверзитетот заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, под мотото „Делување локално за глобално влијание“. По тој повод, во Зоолошката градина Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството, ЗОО Скопје и ЗОО Битола, со кој се поставува рамка за модернизација, едукативен развој и усогласување со европските стандарди.

Овој значаен чекор претставува потврда на заедничката заложба за унапредување на грижата за животните, заштита на биодиверзитетот и развој на зоолошките градини како современи едукативни и конзервациски центри.

ЗОО Скопје останува посветена на создавање подобри услови за животните, јакнење на едукативната улога и подигнување на јавната свест за значењето на природата и биолошката разновидност.

Денеска не  посетија учениците од VII-а одделение од ООУ „Вера Циривири-Трена“, кои во пресрет на Меѓународниот ден на б...
21/05/2026

Денеска не посетија учениците од VII-а одделение од ООУ „Вера Циривири-Трена“, кои во пресрет на Меѓународниот ден на биодиверзитетот, под овогодинешното мото „Делувај локално за глобално влијание“, подготвија прекрасни едукативни цртежи за зоо бон-тон.

🌎Со својата креативност тие испратија важна порака: грижата за природата и животните започнува од секој од нас.
Учениците донесоа и подароци за животните, покажувајќи дека емпатијата се учи најдобро преку добри дела ❤️

Заедно учиме за емпатија, одговорност и љубов кон живиот свет 🥰🐾

Имаме принова и кај пони коњите ❤️Малото ждребе веќе го засакаа сите коњи и подеднакво се грижат за него заедно со мајка...
16/05/2026

Имаме принова и кај пони коњите ❤️
Малото ждребе веќе го засакаа сите коњи и подеднакво се грижат за него заедно со мајката и таткото 🥰

Ана е нашата сибирска тигарка родена во ЗОО Скопје и е вистинска претставничка на еден од најмоќните и највеличествени в...
15/05/2026

Ана е нашата сибирска тигарка родена во ЗОО Скопје и е вистинска претставничка на еден од најмоќните и највеличествени видови во светот ❤️

🐅Сибирските тигри се најголемите мачки на планетата, а во природата живеат во студените шуми на Далечниот Исток. Нивното густо крзно и силно тело им помагаат да преживеат на многу ниски температури. Секој тигар има уникатна шара на крзното, исто како што луѓето имаат уникатен отпечаток од прст.

Иако изгледаат моќно и недопирливо, сибирските тигри се загрозен вид. Затоа Ана не потсетува колку е важно да ги заштитиме дивите животни и нивните природни живеалишта 🌎

Фото: Игор Паневски

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше за...
13/05/2026

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец.

Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија.

Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст.

Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus)

Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење.

Апелираме до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец.

Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации.

Вечерва во населбата Козле беше забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имаше  синџир и каивче. По п...
12/05/2026

Вечерва во населбата Козле беше забележан волк кој бил чуван како домашен миленик и на себе имаше синџир и каивче. По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, а волкот беше успешно и безбедно заловен.

Во моментов волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО Скопје ќе го згрижи и ќе му обезбеди соодветна грижа и услови во иднина. Престојниот период ќе биде во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица.

За среќа, оваа ситуација заврши без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно, но уште еднаш апелираме и потсетуваме дека чување диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно. Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во заробеништво и несоодветни услови. Станува збор за диви животни кои имаат свои природни потреби, инстинкти и однесување.

Апелираме до граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, истото да го пријават до надлежните институции.

Благодарност до МВР, Град Скопје, вработените во Зоолошка градина Сашо Панчев и Тина Мицковска и до сите вклучени служби за брзата и координирана интервенција.

Нашата мала Маја 🥰Фото: Горан Анастасовски
08/05/2026

Нашата мала Маја 🥰

Фото: Горан Анастасовски

Нашите двогрби камили по трет пат станаа мама и тато 🥰Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мир...
05/05/2026

Нашите двогрби камили по трет пат станаа мама и тато 🥰
Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мираи и тато Карло и е трето дете во фамилијата после неговите брат и сестра Буби и Ками ❤️
Мираи и малото бебе ноќта ја поминаа изолирани од другите членови на семејството со цел да бидат под надзор, а веќе денеска камилчето ужива со својата мајка во убавиот сончев ден 💕

Address

Булевар Илинден
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 18:00
Tuesday 09:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 09:00 - 18:00
Saturday 09:00 - 18:00
Sunday 09:00 - 18:00

Telephone

+38923220578

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје:

Share

Category