23/02/2026
Еве како посетителите на Бабли го претворија бањањето од најголем стрес, во најлесната рутина за себе и своето милениче. 🐾
Мокри ѕидови, крзно насекаде, бркање со фенот низ цел стан... и стресирано куче на крај. 😅 Познато?
Затоа постои Bubbly — самопослужна бања каде сè е подготвено за вас. Нередот останува тука, а не кај вас дома. 🐶✨
Ова се 4 совети за смирено бањање 👇
1️⃣ Наградувајте со грицки - Миленичето ќе го поврзе бањањето со нешто убаво. Малку мотивација го менува целиот процес - и кај луѓето, и кај миленичињата. 🦴
2️⃣ Почекајте да се истресе - Оставете го само да се истресе пред да посегнете по пешкирот. Тоа е природна реакција која отстранува голем дел од водата, па сушењето трае пократко, а нашата водоотпорна престилка се грижи вие да останете суви. 💦😄
3️⃣ Понесете пешкирче од дома - Позната миризба = помирно милениче. Сопствениот пешкир смирува и го прави сушењето брзо и пријатно. 🧡
4️⃣ Заштитете ги ушите при сушење - При сушење, ушите се најосетливи. За заштита, ставете го нашиот штитник за уши на вашето милениче. Мала заштита = среќно милениче без непријатности. 🐕
Без влажен кауч. Без мокри ѕидови. Без стрес. Само чисто и среќно милениче.💙✨
📍Локација: Аеродром, близу железничката станица