25/12/2015
КРАТКИ ТЕКСТОВИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ
ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА МИЛЕНИЧИЊА
Пишува : Д-р Глигор Мојсов, ДВМ, Спец. Хир.
И како штo претходно започнавме во продолжение Ви ги предочуваме потенцијалните ризици поврзани со водата, чоколадото и давањето грицки на домашните миленици и
на бездомните животни за време на празниците.
1. Иако на миленичињата дома или надвор водата им е секогаш на дофат, новите извори на вода или садови каде таа се наоѓа претставуваат интересен момент за игра или чисто да се пробаат во нивната постојана желба за нови нешта. Бидете внимателни животните да ја пијат водата која Вие им ја нудите, а не водата од саксии, купатила, стоечки води, декоративни орнаменти и садови и се она што во празничните денови може да биде заменето со нивното место за вода. Останатите проблеми доаѓаат со можно замрзнување на површините каде водата се наоѓа што е особено важно за милениците кои ги чуваме надвор (затоа редовно проверувајте им ги садовите со вода), избегнувајте било каква контаминација и можноста тие да пијат од вода која не е соодветна за нив.
2. Чоколадото и слатките се вечна тема за почеток на проблемите и главоболките кои можат да завршат и кобно за миленикот ( се однесува на самата можност на труење со чоколадо и слатки наменети за конзумација кај луѓето НЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ ) . Оваа проблематика не се однесува на чоколадо директно дадено на животните од страна на сопствениците туку и на можноста тие сами да дојдат до овие слатки задоволства кои на нас покасно ќе ни донесат непроспиени ноќи и седење во амбуланта место уживање во новогодишната магија. Токсичните дози се различни зависно од видот на чоколадото и возраста, тежината и здравствената состојба на миленикот. Затоа чоколадата и слатките да се чуваат на највисоките полици во кујната или затворени ( масата дома или во кујна не е највисока полица ).
3. Давањето грицки за време на празниците избегнувајте го доколку дојдат блиските пријатели , роднини и мили и помалку мили луѓе на гости затоа што е можно додека вие давата грицки истото да го прават и тие со таа разлика што вие тоа и нема да можете да видите секогаш или да го исконтролирата и ете Ви проблем, за кратко време ќе имате миленик со балониран желудник кој едвај се движи , а уште потешко диши и сето тоа нормално откако сите гости ќе си заминат , а Вас ве чека пат до најблиската амбуланта наместо уживање во топлата атмосфера на Вашиот дом.
И додека за многу од нас овие потсетници изгледаат како нешто кое сите си го знаеме , Верувајте ова се случува редовно и добро е да се потсетиме чисто за да не си го расипиме одморот кој секој од нас го заслужува .
Ветеринарна Амбуланта МОГЛИВЕТ
Д-р спец. Глигор Мојсов, ДВМ