24/02/2026
АРТРИТИС КАЈ КУЧИЊА – ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ СИМПТОМИТЕ НАВРЕМЕ .
Артритис е хронично воспаление на зглобовите кое најчесто се јавува кај постари кучиња, но може да се појави и кај помлади, особено после повреда или кај некои кучиња како расна предиспозиција.
Како да го препознаете ?
Вкочанетост
Намалена активност
Отечени зглобови
Промени во однесувањето
Мускулна атрофија
Многу сопственици мислат дека тоа е нормално за возраста, но болката не треба да биде нормална состојба. Иако артритисот не може да се излекува во целост, може успешно да се контролира, а со тоа и значително да се подобри квалитетот на живот на вашиот домашен миленик.
Во нашата амбуланта применуваме различни методи за контрола на артритисот како антиинфламаторна терапија, хондропротектори, суплементи, индивидуален план за контрола на тежината и активноста.
Доколку забележите вакви симптоми кај вашето куче, не чекајте состојбата да се влоши затоа што навремениот преглед прави разлика и затоа што староста не мора да значи болка.
Споделете со сопственик на постаро куче кому би му била корисна оваа информација !