Вет Свет

Вет Свет Сè за вашиот миленик на едно во центарот на Скопје.

Ветеринарна клиника ВЕТ СВЕТ - место со пријателска атмосфера каде што Вашите домашни миленици ќе добијат комплетна грижа за нивното здравје.
- прегледи, лабораториска и ехографска дијагностика
- вакцини и дехелминтизација
- хирургија
- продавница и аптека за миленици
Телефони :
Д-р Светла +38970252375
Д-р Симона +38975415449
Д-р Војислав +38970252209
Телефони за закажување прегледи и консулта

ции:
+38975415440 +38970252386 +38923161019

Veterinary clinic VET SVET - а place with а friendly atmosphere where Your pets can get complete veterinary healthcare.
- examinations, laboratory and ultrasound diagnostics
- vaccinations and dehelminthization
- surgery
- pet shop
Mobile phone :
D-r Svetla +38970252375
D-r Vojislav +38970252209
D-r Simona +38975415449

Ви посакуваме убави празнични денови поминати со вашите најблиски и вашите миленици 🐾⚠️ Доколку забележувате било каква ...
27/04/2026

Ви посакуваме убави празнични денови поминати со вашите најблиски и вашите миленици 🐾

⚠️ Доколку забележувате било каква промена во здравствената состојба кај вашиот миленик, ве советуваме да закажете преглед најкасно до 30.04.2026.

За закажувањена термин за прегледи и консултации до 30.04.
☎️ 023161019
📲 070252386

Денес го славиме Светскиот ден на ветеринарниот доктор ⚕️🐾 💛 Ви благодариме за довербата и тоа што сме клучен дел од здр...
25/04/2026

Денес го славиме Светскиот ден на ветеринарниот доктор ⚕️🐾

💛 Ви благодариме за довербата и тоа што сме клучен дел од здравјето и грижата за вашите миленици💛

🐾 Цистински кристали кај кучиња – што треба да знаете?Цистинските кристали се специфичен тип уринарни кристали кои се по...
01/04/2026

🐾 Цистински кристали кај кучиња – што треба да знаете?
Цистинските кристали се специфичен тип уринарни кристали кои се појавуваат поради нарушување во метаболизмот на аминокиселината цистин. Најчесто се поврзани со генетска предиспозиција, особено кај машки кучиња.
🔬 Како настануваат?
Кога бубрезите не можат правилно да го реапсорбираат цистинот, тој се излачува преку урината и може да формира кристали или камчиња (уролити).
⚠️ Симптоми на кои треба да внимаватекај вашиот миленик:
• Често мокрење
• Напор или болка при мокрење
• Крв во урината
• Намален апетит или летаргија
• Во потешки случаи – целосна блокада на уринарниот тракт 🚨
🧪 Дијагноза
Се поставува преку:
✔️ Анализа на урина
✔️ Микроскопска анализа за присуство на кристали
✔️ Ехо или рентген при сомнеж за присуство на камчиња и нивна точна локализација
💊 Третман и контрола
• Специјална медицинска диета
• Зголемен внес на вода 💧
• Во потешки случаи потребно е прво хируршко отстранување

Благодарност до колегите од за реферирање на пациентот во нашата амбуланта.
🤝 Успехот е неизбежен кога има добра соработка.
Реферирањето значи одговорност и најдобра грижа за пациентот во вистинско време.
Горди сме на соработката и заедничките успеси. ❤️

Се ближи Велигден, а со него и празничните неработни денови 😊 🌞🌸 Во празничните денови сите имаме потреба од голтка возд...
01/04/2026

Се ближи Велигден, а со него и празничните неработни денови 😊

🌞🌸 Во празничните денови сите имаме потреба од голтка воздух, па затоа си дозволуваме малку одмор и време поминато со нашите семејства и пријатели.
Ви посакуваме прекрасни денови со вашите најмили и секако со вашите крзнени пријатели. 🐾💛

⚠️ Бидете одговорни сопственици. Доколку во изминатиот период сте забележале промени во однесувањето на вашиот миленик или нешто едноставно ве загрижува, не чекајте да дојдат празници – закажете преглед на време.

⚠️ Доколку вашиот миленик е здрав, потсетуваме да не давате храна и остатоци од празничната трпеза.

По повод вчерашниот ден,🌸 8ми Март – Ден на женската сила, но и потсетник за почит 🌸Го славиме трудот, посветеноста и си...
09/03/2026

По повод вчерашниот ден,
🌸 8ми Март – Ден на женската сила, но и потсетник за почит 🌸

Го славиме трудот, посветеноста и силата што жените ја внесуваат секој ден – во семејството, во работата и во грижата за нашите пациенти.
Во ветеринарната медицина, емпатијата, знаењето и грижата се дел од секојдневието, а ние сме горди што имаме тим од силни и професионални жени. 💪🐾
Но 8ми Март не е само ден за цвеќе и честитки! Тој е и потсетник дека во нашето општество сѐ уште постои насилство и неправда кон жените. Секоја жена заслужува безбедност, почит и можност да го живее својот живот без страв.

Затоа не само на овој ден, а секој ден испраќаме порака за поддршка, солидарност и нула толеранција за насилство.

Благодарност и до машкиот дел од Вет Свет - вет. др. и нашите вет. тех. и .tecktone кои стојат секојднево рамо до рамо со овој успешен женски тим, со поддршка, почит и вистинска тимска работа.

Среќен 8ми Март – Меѓународен ден на жената! 💐

⌛Живееме во брзо време, денот ни е краток, а обврските се многу. 🏥Затоа во нашата амбуланта постои дневниот стационар, з...
08/02/2026

⌛Живееме во брзо време, денот ни е краток, а обврските се многу.

🏥Затоа во нашата амбуланта постои дневниот стационар, за вашиот миленик да ја добие потребната терапија и грижа, дури и кога вие немате доволно време да бидете покрај него.

💉💊Во нашиот дневен стационар, пациентите се под постојан надзор, истовремено добиваат терапија навреме и многу внимание и грижа. 🐶🐱

🌅Вие го носите наутро, а го земате назад дома истиот ден – смирени, затоа што знаете дека е во добри раце.🌄

📍Ветеринарна амбуланта Вет Свет
Ул. Никола Тримпаре 27
02/3161019
070/252386

🐾 ПАРВОВИРУС – СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА КУЧИЊАТА 🐾Парвовирус или народски кажано (Мачја куга)  и како да го претпазите  ваше...
29/12/2025

🐾 ПАРВОВИРУС – СЕРИОЗНА ОПАСНОСТ ЗА КУЧИЊАТА 🐾

Парвовирус или народски кажано (Мачја куга) и како да го претпазите вашето куче?!

СОВЕТ 🐈:
Парвовирусот е многу заразен и потенцијално смртоносен вирус кај кучињата. Се шири преку заразен измет или контаминирани површини (чинии, подови, поводници, раце), а може да преживее со месеци во околината.

⚠️ Хотелите и шелтерите за домашни миленици како и местата/паркови со голема циркулација на кучиња можат да бидат високоризични, особено за невакцинирани кученца.

⚠️ РИЗИЦИ ВО ХОТЕЛИТЕ/ШЕЛТЕРИТЕ ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ

🐶 Висока густина на кучиња – поголема можност за пренос
🦠 Отпорен вирус – преживува екстремна топлина и студ
🧼 Контаминирани површини – измет, плунка, чинии, подови, опрема

🛡️ ПРЕВЕНЦИЈА И БЕЗБЕДНОСТ
✅ Вакцинацијата е клучна
– Кучињата мора да бидат целосно вакцинирани
– Кученцата имаат потреба од серија вакцини и бустер вакцина

🧽 Строга хигиена
– Објектите треба да користат средства ефикасни против парвовирусот
(Варикина, водород пероксид и сл.)

🐕 Посебна претпазливост за кученца
– Избегнувајте да ги носите кученцата во хотели, салони за груминг и дневни престои додека не се целосно имунизирани

🔒 Безбедна социјализација
– Користете само објекти за сместување: хотели, пансиони, дневни центри, кои бараат доказ за вакцинација од сите кучиња

🚨 Симптоми? Реагирајте веднаш!
Повраќање, крвава дијареја, летаргија →
➡️ Изолација
➡️ Итно јавување кај ветеринарен доктор
➡️ Длабинска дезинфекција на просторот

🐾 Превенцијата спасува животи. Вакцинирајте, информирајте се и избирајте безбедни места за вашите миленици.

🎄🎅🌟ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ 🌟🎅🎄⚠️⚠️⚠️СОВЕТИ ЗА ЗДРАВИ МИЛЕНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ ⚠️⚠️⚠️⤵️⤵️⤵️🎆 Бучава и петарди – Чу...
22/12/2025

🎄🎅🌟ПРАЗНИЧНО РАБОТНО ВРЕМЕ 🌟🎅🎄

⚠️⚠️⚠️СОВЕТИ ЗА ЗДРАВИ МИЛЕНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ ⚠️⚠️⚠️
⤵️⤵️⤵️

🎆 Бучава и петарди – Чувајте ги милениците внатре, обезбедете им тивко и безбедно место. Шетајте ги на поводник во помирните делови од денот.
🍫 Забранета храна – Чоколадо, алкохол, кромид, суво грозје и коски НЕ се за миленици.
🎄 Декорации – Внимавајте на сијалички, украси и ленти – можат да бидат опасни ако се изедат.
🐕 Рутина – Одржувајте редовно хранење без промена во исхраната и редовни прошетки.
😺 Стрес – Повеќе внимание, смирен тон и омилено ќебе или играчка. Доколку обезбедувањето на комфорт зона не помага, тогаш обратете се кај доктор по ветеринарна медицина за совет и лекарства.
🚗 Патување – Понесете ги најнеобходните лекарства и суплементи за прва помош на вашиот миленик.
💊Консултирајте се со матичниот ветеринарен доктор за лекарства кои што се потребни да ги имате дома и по време на пат.

🩺🧑‍⚕️Тимот на Вет Свет упатува искрена благодарност до организаторите, предавачите и сите колеги кои учествуваа на  / .g...
15/12/2025

🩺🧑‍⚕️Тимот на Вет Свет упатува искрена благодарност до организаторите, предавачите и сите колеги кои учествуваа на / .group Vetti Seminar во Србија 🍀✨🙌
📚Семинарот беше одлична можност за надградба на знаењето, размена на искуства и зајакнување на соработката меѓу докторите по ветеринарна медицина од регионот 🌎
Ваквите настани се силен поттик за континуиран професионален развој и подобра грижа за благосостојбата на животните 🐈🐕🦜🐁
Благодарни сме што бевме дел од ова инспиративно искуство🙏
А крајот со добра забава и дружење го краси делото 🤘👌

🧡 Нова услуга во Вет Свет! Рентген дијагностика- брзо, прецизно и безбедно!Со гордост ви најавуваме дека крајот на оваа ...
02/12/2025

🧡 Нова услуга во Вет Свет!

Рентген дијагностика- брзо, прецизно и безбедно!

Со гордост ви најавуваме дека крајот на оваа година ја бележиме со една долго очекувана услуга и новитет во нашата амбуланта.
Од сега располагаме и со модерна рентген апаратура која овозможува:
🔸 Брза и точна дијагноза
🔸 Помал стрес за милениците
🔸 Рана детекција на ортопедски, торакални и абдоминални проблеми

📍Ветеринарна амбуланта Вет Свет
Ул. Никола Тримпаре 27, Скопје
☎️За закажување на час:
070252386 или 023161019

🐾 Оглас за вработување – Ветеринарен докторВет Свет објавува оглас за вработување на доктор по Ветеринарна медицина со ж...
02/12/2025

🐾 Оглас за вработување – Ветеринарен доктор

Вет Свет објавува оглас за вработување на доктор по Ветеринарна медицина со желба за динамична работа во современо опремена ветеринарна амбуланта и дружељубива средина.

✅ Работни обврски

*Клинички прегледи на домашни миленици

*Дијагностика (крвни и биохемиски анализи, ултразвук, ренген)

*Комуникација со сопственици, советување и грижа за пациентите

*Водење на дневник на пациенти

*Учество во тимска работа и желба за континуирана едукација

🎓 Потребни квалификации

Завршени студии по ветеринарна медицина

Лиценца за работа (или во процес на добивање)

Способност за самостојна и тимска работа

Одговорност, љубезност, емпатија кон животни

Подготвеност за учење и професионален развој

⭐ Ние нудиме

Одлични услови за работа во модерно опремена ветеринарна амбуланта

Можност за професионално усовршување и едукации

Работа во позитивна и динамична средина

Работно време по график

Платa по договор со можност за напредување

📩 Како да аплицирате?

Испратете CV на: [email protected]

Address

Никола Тримпаре 27
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 19:00
Tuesday 09:00 - 19:00
Wednesday 09:00 - 19:00
Thursday 09:00 - 19:00
Friday 09:00 - 19:00
Saturday 09:00 - 15:00
Sunday 09:00 - 13:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Вет Свет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Вет Свет:

Share

Category