Nourish Greens

Nourish Greens 🌱 Свежи микробилки од внатрешна смарт градина
🍃 Иновирање во иднината кон здрави навики

19/03/2026

🌱 Растење со прецизност = Конзистентен квалитет 🌱

#Микробилки

Жените создаваат, негуваат, растат.Жените носат живот. Среќен 8 Март 🌱 #ДенотНаЖената
08/03/2026

Жените создаваат, негуваат, растат.
Жените носат живот.
Среќен 8 Март 🌱

#ДенотНаЖената

Ние ги издвојуваме овие неколку фаворити за оваа сезона. А ти, пиши ни во коментар - кој е твојот фаворит и зошто? 🍀🌱 СЕ...
19/12/2025

Ние ги издвојуваме овие неколку фаворити за оваа сезона. А ти, пиши ни во коментар - кој е твојот фаворит и зошто? 🍀

🌱 СЕЗОНСКИ ФАВОРИТИ 🍂 ЕСЕН - ЗИМА ✨
🥦 Микро Брокула
🎅 Микро Цвекло
✨ Микро Праз
🌸 Микро Црвена Зелка
💫 Нашиот Микро ЕСЕНСКИ Микс

Микробилките се многу повеќе од декорација. Тие се извор на хранливи состојки, витамини и минерали - полни со вкус, а сепак шармантни. Токму затоа се привлечни и корисни и за двете намени. Мора да признаеме дека нивниот додаток во оброците има повеќе улоги.

Од уживање во онаа уметничка нота, до свежина, вкус и висока концентрација на нутритивни вредности.

Swipe 👉 и дознај повеќе за секоја од нив 🍃
#Микробилки #Микросалати #Микрозелени #Сезона

Nourish Greens на Slow Food Салон 2025 🌱 Заедно со природатаОваа сабота со голема радост ќе бидеме дел од Slow Food Сало...
10/12/2025

Nourish Greens на Slow Food Салон 2025 🌱 Заедно со природата

Оваа сабота со голема радост ќе бидеме дел од Slow Food Салон - настан кој ја истакнува регенерацијата како најважен чекор кон поздрава и поодржлива иднина. Салон кој ги обединува уникатните локални мали производители, секој со своја идеја, пасија, традиција, вкус и филозофија.

На нашиот штанд ќе имате можност да се запознаете со свежите микробилки и нивната супер-моќ, да го искусите нашето празнично мини-издание и да откриете дел од вкусовите што доаѓаат од нашата мала внатрешна фарма.

Ова е одлична прилика да споделиме како овие супер нутритивни микрозелени го претставуваат локалното производство, локалното одгледување - толку важен дел од современиот екосистем на храна.

Ќе бидеме во друштво каде секој штанд ќе придонесе за едно прекрасно доживување. Гордост е да сме дел од заедница која создава многу повеќе вредности од само производи.

📍 Slow Food Салон 2025 – Заедно со природата
Хотел Континентал
🎟️ Влез за посетители: 200 денари
🎫 Онлајн билети: mktickets.mk

#ЗаедноСоПриродата

🌱  Растеме заедно.Природно.Едноставно.Cо срце 🤍     #Микробилки  #Микрозелени
06/12/2025

🌱 Растеме заедно.

Природно.
Едноставно.
Cо срце 🤍
#Микробилки #Микрозелени

Новите Nourish Greens мини-градини од микробилки 🌱Создадени со многу внимание и љубов, а сочувани под прецизни и контрол...
04/10/2025

Новите Nourish Greens мини-градини од микробилки 🌱

Создадени со многу внимание и љубов, а сочувани под прецизни и контролирани услови, за да ви донесат максимална свежина, вкус и концентрација на витамини и минерали.

➡️ На што посебно се фокусиравме:

💡 За да ја задржиме свежината, вкусот и нутритивните вредности, микробилките се одгледуваат во внатрешна контролирана комора со оптимална светлина, температура и влажност.

✅ Mини издание на саксија – практична, достапна и идеална за брза консумација.

🥥 Се користи природен кокосов супстрат и нетретирано семе. Супстратот е одличен и за понатамошна употреба – може да се искористи за други растенија или како природна потхрана.

♻️ Микробилките се посадени во еко-кутија која може целосно да се рециклира.

➡️ Што значи свежо набрани микробилки?

🍃 Интензивен мирис и вкус.
❗ Максимална искористеност на витамини, минерали и антиоксиданси.
💛 Искуство, не само производ – уживање во моментот на сопствена мини градина од микробилки.

Достапни во FARMER BOY

#микробилки #локалнопроизводство #екоизбор #суперхрана

Додади 🌱 здрава свежина, боја и вкус во твоето мени! Микробилките сега достапни и во GREEN Nature.mk 📍Струмица 🌿 #Свежо ...
20/08/2025

Додади 🌱 здрава свежина, боја и вкус во твоето мени! Микробилките сега достапни и во GREEN Nature.mk 📍Струмица 🌿

#Свежо #Микробилки #Микросалати #Локално #Струмица

🌱 Велигденски Микс – за трпеза што зрачи со свежина! Друштво, идејата ни беше едноставна: да додадеме малку повеќе свежи...
18/04/2025

🌱 Велигденски Микс – за трпеза што зрачи со свежина! 

Друштво, идејата ни беше едноставна: да додадеме малку повеќе свежина, боја и живописни ноти на велигденската трпеза – со  спој на микробилки што одлично се надополнуваат, а во исто време се свежи и здрави.

Го создадовме овој спој од моќната и зачинска микро крес салата (cress garden) со слатко-јаткастата микро келераба, овој пат во две бои – микс од спротивни ноти што се надополнуваат како совршен пар.

Едната дава карактер, другата топлина, и заедно прават вистинска пролетна магија на секоја чинија.

Од нас за вас – со многу љубов и зелени, свежи мисли 💛

Среќни Велигденски празници! 🌷

Локации 🛒🌱🌿
16/04/2025

Локации 🛒🌱🌿

Свежа салата како предвесник на пролетта 🥬🌷Желбата за што поскоро да ни дојде пролет, нам не инспирираше за оваа салата,...
15/04/2025

Свежа салата како предвесник на пролетта 🥬🌷

Желбата за што поскоро да ни дојде пролет, нам не инспирираше за оваа салата, па сакаме оваа инспирација да ја споделиме и со вас.

Многу свежи ноти, витамини и минерали собрани во една чинија.
Јајцата и грчкиот јогурт нека бидат задолжителни тука, како главен извор на протеини во оваа порција.

Со додавање на микро ротквицата во оваа салата, уживаме во неколку придобивки:
- Додава свежина, крцкавост и пикантни ноти
- Има поголема количина на витамини и минерали од зрелата ротквица: итамин C, витамин K, фолна киселина и антиоксиданси.

Состојки:
2 (помеко) варени јајца
40 гр. грчки јогурт
1 лажица сок од лимон
сол и бибер по вкус
30 гр. валериана
15 гр. микробилки (микро ротквица)
неколку тенки парчиња свежа крставица
1 ротквица
½ младо кромитче

Опционално:
Додаток: потпечена тортилја или крцкава лепиња*

*Ние искористивме претходно направена домашна тенка лепиња (тортилја)

Овие количини на состојките секако се прилагодливи по свои потреби и вкус.

Измешајте ги сите состојки по своја желба и уживајте!

Разлики помеѓу: Микрозелени / микробилки (се користат двата термини) и НикулциДруштво, често добиваме прашања на оваа те...
15/04/2025

Разлики помеѓу: Микрозелени / микробилки (се користат двата термини) и Никулци

Друштво, често добиваме прашања на оваа тема, па решивме да направиме една ваква илустративна објава. Се надеваме ќе разрешиме барем дел од дилемите ☀️

🌱

#микрозелени #микробилки

Нутритивната моќ на микробилките, покрај нивната декоративна страна 🌱   #микрозелени  #микробилки   #ЗдраваХрана
15/04/2025

Нутритивната моќ на микробилките, покрај нивната декоративна страна 🌱

#микрозелени #микробилки #ЗдраваХрана

Address

Митрополит Теодосиј Гологанов 112
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nourish Greens posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category