
21/11/2024
Вчера во прифатилиштето на ЈП Лајка, Скопје беше донесено куче во тешка состојба и во бесознание, жртва на свирепо насилство.
Човекот којшто го донесе кучето, самиот сведок на настанот, случајот со доказниот материјал ги пријавил во полиција.
Кучето, среден раст на возраст до 2 години беше примено од наша страна во животно-загрозувачка, полусвесна состојба, со видливи повреди на телото, особено на главата, контузии на главата и оток, со крварење, тешко дишење и посекотини од остар предмет. Човекот кој го донесе кучето посведочи дека тоа се здобило со најмалку 10 удари со метален предмет во пределот на главата.
Претепаното куче е под ветеринарен надзор и терапија во ЈП Лајка, но неговата состојба ни денес не е променета и неговата здравствена состојба е неизвесна. И додека кучето се бори за живот, Јавниот обвинител надлежен за случајот, не побарал продолжување на мерката притвор.
ЈП Лајка ќе поднесе кривична пријава против сторителот и соучесниците во кривично-правниот настан и следствено бараме да се изрече највисока казна затвор согласно Кривичниот закон.
Вакви монструозни дејанија не смеат да поминат неказнети!