TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje

TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje, Pet groomer, Ulica Ankarska 29, Skopje.

Професионален груминг во Скопје, квалитетно повеќедецениско акумулирано искуство во Париз, Токио и други светски груминг центри за шишање кучиња, мачки, миленици, pet grooming, pet spa, ozone, deep skin cleaning,
✅️✅️✅️ ПРИОРИТЕТ ЗА РЕДОВНИ ТУТУ КЛИЕНТИ

Со голема радост ви го претставуваме новото салонче Grooming by Adam, произлезено од TUTU Grooming Академијата. Овојпат,...
14/05/2026

Со голема радост ви го претставуваме новото салонче Grooming by Adam, произлезено од TUTU Grooming Академијата. Овојпат, новата адреса на љубовта кон милениците е во Карпош 4, ТЦ Антико, веднаш спроти влезот на КАМ маркетот.

Адам е млад, амбициозен студент по ветеринарна медицина кој паралелно со своите студии професионално се посветува на својата најголема страст — негата на милениците и нивната здравствена превенција преку грумингот, односно стилизирањето на миленици.

Grooming by Adam е дел од новата генерација млади професионалци што ја градат оваа професија во Македонија со знаење, етика и љубов кон животните. Адам и неговиот салон се членови на Македонската Асоцијација на Стилисти за Миленици, а со тоа и директно поврзани со European Grooming Association, како единствени официјални претставници на груминг професијата во европското семејство не само во Македонија, туку и на просторите на поранешна Југославија.

Во својот 41-ви студент, TUTU Академијата гледа и една симболика — токму автобусот број 41 е линијата што со години ги поврзува идните ветеринарни техничари од скопското јадро со средното ветеринарно училиште. Понекогаш професионалниот пат започнува токму со едно секојдневно патување, а продолжува како животна професија исполнета со посветеност, грижа и љубов кон милениците.

Денес, под покровителство на Град Скопје, се одржа мини саем на средни училишта кои ги претставија своите образовни прог...
12/05/2026

Денес, под покровителство на Град Скопје, се одржа мини саем на средни училишта кои ги претставија своите образовни програми пред учениците од деветто одделение. Ова беше одлична можност Македонска Асоцијација за Стилисти на Миленици, во соработка со средното ветеринарно училиште од Скопје, да ја претстави професијата стилист за домашни миленици — професија која е тесно поврзана со здравствената превенција, хигиената и одговорното сопствеништво.

Скоро една третина од активните грумери во Македонија имаат ветеринарно образование, како ветеринарни техничари или доктори по ветеринарна медицина, што дополнително ја потврдува сериозноста и важноста на оваа професија. Професијата стилист за домашни миленици претставува можност за самостоен и креативен работен ангажман исполнет со љубов, грижа и секојдневна посветеност кон милениците.

Македонска Асоцијација за Стилисти на Миленици ќе продолжи со своите хумани и хуманитарни активности за промоција на оваа убава, одговорна и сè повеќе потребна професија, како и за подигање на свеста за важноста на одговорното сопствеништво.

Им благодариме на груминг салоните Барки од Аеродром и К9 од Охрид кои беа денешните амбасадори на Асоцијацијата на овој пријатен настаннасочен кон децата од деветто одделение од цела Македонија

Најнова колумна во Нова Македонија на Илија Петковски, магистер по природни науки од Сорбона Париз :Професијата грумер /...
11/05/2026

Најнова колумна во Нова Македонија на Илија Петковски, магистер по природни науки од Сорбона Париз :

Професијата грумер / стилист за домашни миленици полека престанува да биде сфатена како „луксуз“ и станува дел од современата култура на одговорно сопствеништво. Зад еден добар грумер не стои само естетика, туку разбирање на однесување, стрес, хигиена, здравствени состојби и комуникација со животните.

Токму затоа оваа професија денес се наоѓа меѓу занаетот, уметноста и грижата. Добриот грумер не работи само со ножици, туку и со доверба – особено кај анксиозни, стари или трауматизирани миленици.

Во општества каде милениците стануваат сè поважен дел од семејството, расте и потребата од професионални стандарди, едукација и почит кон оваа работа. Професијата открива и една поширока промена: односот на едно општество кон животните сè повеќе станува показател за неговата емпатија, култура и современост. 🐾

Целиот текст во коментар

Потребата од строг закон за миленици, одговорно сопствеништво, санкционирање на напуштања и сурово злоставување – воопшт...
02/05/2026

Потребата од строг закон за миленици, одговорно сопствеништво, санкционирање на напуштања и сурово злоставување – воопшто не е тема за дебата.

Тоа е цивилизациски минимум и мора да постои. Ова не е критика на постоењето на закон, туку јасна позиција дека без применливост и ефикасност, законот останува само декларација без реален ефект.

Дополнително, практики како индивидуално колење животни при обреди отвораат сериозни прашања и за благосостојбата на животните и за фитосанитарните услови – што исто така мора да биде регулирано и контролирано.

Но суштината е во друго: закон што не може да се спроведе е бесполезен. Не може да се игнорира основата на проблемот и реалната состојба на терен.

Строгоста најпрво треба да се докаже со постоечките закони !Чипирањето, вакцинацијата, контролата – тоа веќе постои како обврска. Прашањето е: каде е примената? Да престанеме со носење нови, неспроведливи прописи и со демонстрација на сила кон оние кои веќе се придржуваат до правилата, додека суштинските извори на проблемот остануваат недопрени.

Што се случува надвор од урбаните центри?
Во селата и бачилата – кој врши контрола? Кој изрекол казна за нечипирано или невакцинирано куче?

Што се случува со популацијата на улични кучиња надвор од градовите – токму таму каде што се главните жаришта на слободно размножување? Колку од тие животни се стерилизирани? Колку воопшто се евидентирани?

НИКОЈ и НУЛА е одговорот на сите претходни прашања !

Што се случува со инфраструктурата? Преполните контејнери, периферните зони, отворените и нелегалните депонии – тоа не е последица, туку директен генератор на проблемот. Тие се континуиран извор на храна и услови за експоненцијално размножување на бездомната популација, истовремено загадувајќи почва, вода и воздух.

Не, проблемот со уличните кучиња нема да се реши без сериозна модернизација на нашето управување со отпадот и тоа е 100% еколошки проблем кој ќе опстојува па макар и ниту едно расно куче не се чувало во Македонија и ниту една одгледувачница не постоела. Без системски пристап – контрола на изворите на храна, таргетирана стерилизација во жариштата, реална теренска контрола и доследна примена на постоечките обврски – секој нов закон ќе остане само формалност, додека реалноста ќе продолжи да се влошува.

#одговорносопствеништво

Горди сме што сме дел од салоните кои ја сочинуваат Македонската асоцијација на стилисти за миленици – рамноправна членк...
28/04/2026

Горди сме што сме дел од салоните кои ја сочинуваат Македонската асоцијација на стилисти за миленици – рамноправна членка на Европската груминг асоцијација (ЕГА), и двигатели на Скопје Груминг Шампионат 2027 🏆

За првпат, еден официјален ЕГА настан доаѓа во регионот на поранешна Југославија и е објавен на нивната платформа – признание за вредностите, посветеноста и професионализмот што заедно ги градиме.

Заедно го носиме европскиот и светскиот стандард на груминг во Скопје – како култура на работа, етика и континуирана едукација.

Ги покануваме сите грумери од Македонија и соседството да ни се придружат – да споделуваме знаење, да градиме вредности и заедно да ја унапредуваме професијата, секогаш во интерес на благосостојбата на милениците. 🐾

Повеќе на линкот во коментар

🔥 40 ОБУЧЕНИ ГРУМЕРИ – ПРОФЕСИЈА КОЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО СЕНКА! 🐾✂️Со особено задоволство го најавуваме новиот почеток на Ми...
22/04/2026

🔥 40 ОБУЧЕНИ ГРУМЕРИ – ПРОФЕСИЈА КОЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО СЕНКА! 🐾✂️

Со особено задоволство го најавуваме новиот почеток на Мистер Пет (Пет Шоп и Груминг) во Аеродром, зад кој стојат Александар, ветеринарен техничар и доктор и Маријана ветеринарен техничар, кои успешно се обучија во ТУТУ Груминг Академијата. Со Татјана и Илија делеле исти средношколски ветеринарни клупи, а денес ја делат и професионалната насока. Им посакуваме сериозна, стручна и успешна работа!

Заедно ја заокруживме бројката од 40 успешно обучени стилисти за миленици во ТУТУ Груминг Академијата, што е силен показател дека оваа некогаш маргинализирана дејност денес прераснува во професија од која егзистираат семејства. Сè повеќе ветеринарни техничари и доктори (околу 20% од грумерите во Македонија) се одлучуваат за оваа дејност, а со членството во Европската Груминг Асоцијација преку Македонската асоцијација на стилисти за миленици, индустријата веќе се движи кон европски стандарди. 🐶✨

Историски успех: Македонија домаќин на престижен европски grooming шампионат во 2027годМакедонската асоцијација на стили...
20/04/2026

Историски успех: Македонија домаќин на престижен европски grooming шампионат во 2027год

Македонската асоцијација на стилисти за миленици е професионално здружение кое ги обединува грумерите и стилистите за домашни миленици во Македонија, со цел унапредување на стандардите, едукацијата и културата на одговорно сопствеништво. Како единствен правен и институционализиран претставник на оваа дејност, асоцијацијата активно работи на професионализација на индустријата, следење на европските трендови и заштита на благосостојбата на милениците, преку континуирана обука, соработка и меѓународно вмрежување. Воедно, асоцијацијата е дел од Европската Груминг Асоцијација, како највисоко европско професионално тело во оваа област.

Како признание за квалитетот и професионалниот интегритет на асоцијацијата, Македонија – како единствена држава од поранешна Југославија – ја доби честа и привилегијата да биде домаќин на Skopje Grooming Championship 2027, настан организиран под целосна закрила на Европската Груминг Асоцијација. Овој настан е веќе објавен на официјалната веб-страница на асоцијацијата, рамноправно позициониран покрај престижни европски и светски груминг настани во земји како Италија, Белгија и Англија.

Наскоро повеќе информации : stay tuned ;)

45K ПРЕГЛЕДИUPDATE : кучето е одземено и АХВ издаде казни за неодговорно сопствеништво односно нечипирање на миленик и н...
29/01/2026

45K ПРЕГЛЕДИ

UPDATE : кучето е одземено и АХВ издаде казни за неодговорно сопствеништво односно нечипирање на миленик и нередовна вакцинација. Се надеваме дека мобилизацијата околу овој настан помогна на многу миленици кои свесно или несвесно се злоставувани од оние чија морална, етичка и правна обврска е да ја чуваат нивната благосостојба.

Истотака најважниот сегмент е пораката која ја испраќаме на нашите деца : милост и љубов кон животните.

Рано учење на насилство. Кога мало дете свесно тегне за уво и удира животно, а возрасен тоа го снима наместо да интервенира, детето учи дека е дозволено да се нанесува болка на послаби, особено ако возрасниот не спречува или дури се забавува. Ненасочената емотивна агресија (фрустрација, досада, љубопитност) се канализира во насилен одговор, наместо во емпатија, говор или повлекување. Истражувањата покажуваат дека деца кои сведочат или практикуваат суровост кон животни имаат повисок ризик за надворешни проблеми во однесувањето (агресија, непочитување правила) и потешкотии во емпатија и самоконтрола.

Овој конкретен чин сам по себе не значи дека детето ќе стане насилен возрасен, но е ран сигнал кој бара образовен и воспитен одговор, не нормализација или медиумско споделување.

Родителот што снима, и неговата реакција се подеднакво значајни како и самиот чин. Моделот на „снимање наместо регулирање“ испраќа порака дека однесувањето насилната сцена е„забава“, а не момент за корекција и учење емпатија.


Литературата за „the link“ меѓу семејно насилство и насилство кон животни покажува дека токму ваквите обрасци (игнорирање, потсмевање, користење животни како објект за дисциплина или спектакл) се дел од поширока култура на нормализирана агресија во домот.

Малото куче (тип малтезер) реагира со одбрана – гризнува, скока, пробува да се ослободи – што е очекуван одбранбен репертоар кај исплашено или повредено животно. Во неговиот биолошки „код“ постојат и напад и одбрана, и играчките борби кај кучињата често се физички поинтензивни од ова, но во нив има доброволност и реципроцитет; тука не. Најверојатен долготрен ефект не е траума во човечка смисла, туку асоцијативно учење: дете = непредвидлив, заканувачки стимул, што води до растечка претпазливост или превентивна агресија кон деца во иднина. Сцената го асоцијализира кучето кон одредена категорија луѓе (деца), што подоцна се чита како „непредвидливо куче“, и често завршува со казнување токму на жртвата, не на изворот на проблемот. Етолошки гледано, борбата кај кучињата е поврзана со ресурси, простор, страв или јасен конфликт, но тешко дека би личела на човечко „забавно“ мачење без непосредна корист.

Кај човекот оваа сцена демонстрира емотивна агресија без функционална основа – не постои витален ресурс, туку „задоволство“ од доминација и контролирање на послабо суштество. Потребно е да се прави разлика помеѓу развојно типична несмасна интеракција со животни (несигурен граб, грубо галење) и свесно повторувано нанесување болка – второто бара структуриран одговор, не релативизација.

Што би бил стручен, ненасилен одговор: прекин на ситуацијата, смирување на детето и заштита на кучето : „Кога го тегнеш за уво, го боли, како кога тебе те боли.“ Возрасните доследно да покажуваат грижа и нежност кон животните, јасно поставуваат правила („не удри“, „не тегни“) и ги поврзуваат со емоциите на животното.

ПС. фотографијата е креирана со вештачка интелегенција со цел да се предизвика дебата и размислување на темата на заштитата и превенцијата на овие животни, но не и сензационализам

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки
Еко-активист и колумнист во Нова Македонија

#одговорносопствеништво

130К ПРЕГЛЕДИТрагедијата во селото Костурино, на локалитетот „Шепово“, каде во налетот на надојдените води угинаа над 10...
27/01/2026

130К ПРЕГЛЕДИ

Трагедијата во селото Костурино, на локалитетот „Шепово“, каде во налетот на надојдените води угинаа над 100 јагниња и овци, претставува тивка загуба. Овие животни се живи суштества, резултат на долгогодишна селекција, грижа и биолошка инвестиција на сточарите. Од научен аспект, секое угинато младо животно значи загуба на генетски потенцијал, нарушување на репродуктивниот циклус и директен удар врз одржливоста на руралните екосистеми.

Хидролошките анализи покажуваат дека поројните дождови, комбинирани со ерозирани терени, неконтролирани водотеци и недостаток на заштитна инфраструктура, создаваат смртоносни услови за животните кои се најранливи – младите, врзаните и оние без можност за бегство. Во вакви ситуации, животните страдаат тивко, без медиумска слика, но со реална и неповратна последица.

Оваа трагедија мора да биде поента, а не само вест. Заштитата на животните не е емотивен луксуз, туку научно и општествено оправдана потреба. Таа подразбира превентивно планирање: безбедни засолништа за добиток, мапирање на ризични подрачја, рани системи за предупредување и интеграција на ветеринарната и агроеколошката наука во управувањето со кризи.

Загубата во Костурино е трагична, но може да стане лекција. Прашањето не е дали вакви настани ќе се повторат, туку дали ќе бидеме подготвени да ги заштитиме најранливите – и луѓето и животните – со знаење, одговорност и системски пристап.

ПС. фотографијата е креирана со вештачка интелегенција со цел да се предизвика дебата и размислување на темата на заштитата и превенцијата на овие животни, но не и сензационализам

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки
Еко-активист и колумнист во Нова Македонија

#одговорносопствеништво

60К ПРЕГЛЕДИНЕ СТАВАЈТЕ чевличиња на шепичиња !Кога ноктите на кучето се во соодветна должина, шепата правилно се потпир...
11/01/2026

60К ПРЕГЛЕДИ

НЕ СТАВАЈТЕ чевличиња на шепичиња !

Кога ноктите на кучето се во соодветна должина, шепата правилно се потпира на подлогата и нема непотребен притисок врз зглобовите. Тоа овозможува правилно движење, стабилност и природна положба на телото. Ако ноктите се предолги, се менува аголот на потпирање, настанува болка при одење, а со тек на време може да се појават проблеми и со зглобовите и со држењето на телото.

Најприродниот начин да се одржуваат ноктите во права должина е редовната физичка активност. Прошетките по потврди површини, играта на отворено и движењето по различни терени помагаат ноктите природно да се абат. Сепак, кај малите кучиња и кај оние што најчесто престојуваат во затворен простор, тоа абење обично не е доволно.

Затоа се препорачува редовна проверка на ноктите барем еднаш неделно и кратење на секои 7–14 дена, особено кај малите раси. Така се избегнуваат пукнатини, болка и искривување на шепите, а кучето останува подвижно, стабилно и без непријатности.

Во ТУТУ Центарот за Благосостојба, кратењето на ноктите е бесплатна услуга за нашите редовни клиенти и се изведува без закажување, затоа што веруваме дека редовната нега е основен дел од добросостојбата на секое куче.

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
(Tutu Grooming and Pet Wellness Center Skopje)
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки

#одговорносопствеништво

60К ПРЕГЛЕДИВакцинацијата и ревакцинацијата против парвовироза и други заразни болести е основна обврска на секој сопств...
29/12/2025

60К ПРЕГЛЕДИ

Вакцинацијата и ревакцинацијата против парвовироза и други заразни болести е основна обврска на секој сопственик во рамките на одговорното сопствеништво.

Ризикот од ширење на овие болести се зголемува во средини со голема концентрација на кучиња, како прифатилишта, пансиони, хотелски услуги за миленици или јавни паркови. Во вакви ситуации присуството на патогени микроорганизми е поголемо и шансите за повреди или пренос на болести се зголемуваат.

Важно е да се нагласи дека заразните болести не се поврзани со една конкретна локација. Вирусите можат да преживеат со месеци во околината и да се шират преку секрети, измет или контаминирани предмети, а кучињата без вакцина постојано ја одржуваат нивната циркулација.

Единствен начин за ефективна заштита е комбинација од научно поткрепена вакцинација, хигиена заснована на докази и одговорно сопствеништво. Секој друг пристап, како бојкотирање на одредени места, може да создаде илузија на безбедност и не ја решава основната причина за ширење на болестите.

Наука и едукација се најсилните инструменти за создавање на колективно безбедна средина за сите миленици.

Илија Петковски
Магистер по Екологија и Животна Средина - Сорбона Париз
Сопственик на Туту Скопје - Центар за Благосостојба и груминг на Миленици
(Tutu Grooming and Pet Wellness Center Skopje)
Претседател на ОТКРИТИЕ - Здружение за Промоција на Природните Науки

Address

Ulica Ankarska 29
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 19:00
Tuesday 09:00 - 19:00
Wednesday 09:00 - 19:00
Thursday 09:00 - 19:00
Friday 09:00 - 19:00

Telephone

+38972215271

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to TUTU Pet Wellness and Grooming Center Skopje:

Share

Category