
13/08/2025
Почитувани корисници,
Согласно информацијата добиена од Агенција за Храна и Ветеринарство, би сакале да Ве известиме и потсетиме на законската обврска за спроведување вакцинација против болеста БЕСНИЛО кај домашните миленици.
Доколку оваа обврска не се испочитува, предвидена е парична казна за сопственикот во износ од 750 - 1000 евра.
Ве молиме постапете навремено со цел да избегнете санкции и да обезбедите заштита на ВАШИТЕ миленици како и на заедницата.
Во прилог Ви ја објавуваме наредбата од АХВ за веродостојност на информацијата.
Вакцинирајте го Вашиот миленик навреме!
Со почит,
Ветеринарна Болница, Скопје