14/09/2024
🩷100 луѓе, 100 кучиња, 100 места
Обезбедете му на вашето куче многу различни искуства до 6тиот месец. Ова ќе ги направи толерантни, самоуверени и друштвени возрасни кучиња.
💙Научете го јазикот на вашето куче
Со учење на суптилностите на комуникација на кучињата, подобро ќе ги разберете потребите и емоциите на вашето куче.
💛Тренирајте го посакуваното однесување ( одколку да го престанете несаканото однесување)
Научете го вашето куче како сакате да се однесува и направете го тоа да му се исплати- само така може да се намали непосакуваното однесување.
❤️Наградувајте го, но не го поткупувајте!
Неверојатно е што може да се постигне со повремена награда за добро однесување, но запомнете: наместо да го намамувате вашето куче со награда, изненадете го откако ќе ја послушаат наредбата.
🧡Една унца превенција е подобра од една фунта лек.
Дајте приоритет на здравјето на вашето куче, како би имал долг, здрав и среќен живот.
💜Мозочните игри го збогатуваат животот на вашето куче
Понекогаш, едноставните идеи се најинтересни. Расфрлете зрнеста храна во тревникот или вашиот двор, така што кучето ќе ги вклучи сите супер моќи за да го пронајде својот оброк.
Убавината на оваа активност е во тоа што тие никогаш нема да знаат дали го пронашле последното парче па често се враќаат на втора, трета проверка како би се увериле 😊
💚Игра и само игра!
Играта е многу забавна за вашето куче, но има и многу други бенефиции- една многу важна, ја зацврстувате вашата врска како најдобри пријатели🐾🫶