All the luck in the world for Lucky's friends

All the luck in the world for Lucky's friends He was rotting hurt on the streets without help for days. Now we need all the luck and help in the world for Lucky to survive and find his forever home.

29/10/2025

❗️❗️❗️ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕЕТИЧКАТА, НЕЕФИКАСНА И ЗЛОУПОТРЕБЛИВА МЕРКА ЗА ЕУТАНАЗИЈА НА КУЧИЊА СО ЛАЈШМАНИОЗА

🔹️Ние, здруженија за заштита на животните од целата држава, заедно ја поднесовме оваа иницијатива пред повеќе од еден месец, со јасно барање – итно укинување на мерката за задолжително тестирање и автоматска еутаназија на бездомни кучиња со лајшманиоза, пропишана во точката 6.2 од Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

❌️Оваа мерка е морален, научен и институционален пораз. Таа дозволува убивање на здрави животни под изговор на „заштита“, без никакво јавно-здравствено оправдување. Наместо превенција и контрола на векторите – единствениот вистински начин за справување со болеста – државата со години го избира најлесниот и најсуров пат: уништување на живот.

❌️Од нејзиното воведување, мерката по инерција се повторува секоја година, без никакви резултати, легитимира убивање, служи како параван за трошење јавни средства и претставува смртна пресуда за илјадници здрави, мирни бездомни животни.

❗️Ниту една земја од ЕУ не спроведува ваква пракса, ни оние со висока ендемичност како Грција, Италија или Шпанија. Светската здравствена организација, ECDC и CDC јасно укажуваат дека лајшманиозата не се пренесува од куче на човек, туку преку песочни мушички.
Значи, не убивањето, туку превенцијата е одговорот.

❌️Покрај тоа, мерката е длабоко неправедна и дискриминаторска – се применува исклучиво врз бездомни животни, додека сопственичките остануваат надвор од системот. Тоа е двоен стандард, медицински апсурд и цивилизациски срам.

❗️БАРАМЕ надлежните институции итно да ја укинат оваа мерка и да воведат современ, хуман и европски модел за справување со лајшманиозата – преку превенција, лекување, згрижување и вдомување, а не ликвидација.

Ова прашање одамна го надминува полето на ветеринарната политика.
Ова е прашање на вредности, морал и наука — затоа што мерка што медицински и научно е нелогична не може да биде оправдана ниту законски, ниту човечки.

👉Дали сакаме држава што убива, или држава што штити❓️
👉Македонија може подобро – а животните заслужуваат правда❗️

Со почит,
Здружение за заштита на животните „Анима Мунди“,
во соработка со:
Paws–2021 / Шепи–2021,
Срце за животните Тиквеш,
Шепаски ентузијасти – Скопје,
Бездомни животни без граници – Скопје,
Про Анима – Берово,
Анимал Лаверс – Струмица,
Спаси живот – Штип,
Е.Д.Е.Н. – здружение за заштита на животни и животна средина,
Лина - спаси живот, Кавадарци;
НАРД, Куманово,
МАЛИ ХЕРОИ, Битола.
👉ЦЕЛАТА ИНИЦИЈАТИВА: https://share.google/yIFGXg6kC83HMg0b1

24/10/2025
16/10/2025

ЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!

Драги сограѓани, пријатели, поддржувачи и активисти,

ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и заедничка волја – може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени.

Во изминативе години, ја трансформиравме „Лајка“ во институција што покажува дека системот може да биде и хуман, транспарентен и посветен на секое живо суштество. Но останува уште многу работа – пред сè, потребно е најстрого и со закон да се регулира одговорното сопствеништво.
Без тоа, не можеме да го решиме проблемот – зошто секојдневно повторно гледаме нови и нови кучиња на улиците. И повторно се враќаме во круг.

„Лајка“ не е само стационар.
„Лајка“ е идеја – доказ дека хуманоста може да биде институционализирана, дека љубовта кон животните не е сентимент, туку вредност.

💛 Во чест на овој јубилеј, ги споделуваме петте роденденски желби на кучето:

🐾 Секое куче да има свој дом.
Не засолниште, не кафез – туку топол агол, свое ќебе, свое име и некој што ќе го чека.

🐾 Да нема повеќе гладни, болни и заборавени.
Хуманоста не е луксуз – таа е обврска. Да не свртиме глава никогаш, кога можеме да помогнеме.

🐾 Да се знае дека секој живот вреди.
Нема „куче скитник“. Постојат само кучиња – живи суштества со чувства, страв, љубов и верност што не се купува.
Дури и кога се бездомни – копнеат по љубов, семејство, дом.

🐾 Да бидеме општество кое не убива, туку решава.
„Лајка“ покажа дека хуманото е возможно – систем што лечи, вдомува, едуцира и обединува.

🐾 Да веруваме во добрината.
Секое вдомено куче е доказ дека љубовта може да се најде – дури и по долг престој зад решетки.

🎂 На петтиот роденден на ЈП „Лајка“ – не ни требаат подароци, ни требаат луѓе.
Луѓе кои ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно.

📅 Ве покануваме на роденденска дружба!
Да го прославиме животот, надежта и сите спасени приказни. Ве чекаме во бистро Собрание.
https://www.facebook.com/events/802157265741983/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[]%7D.

💛 ЈП „Лајка“ – наши години љубов, работа и отпор кон рамнодушноста.
Затоа што секое куче заслужува шанса.
А ние треба само – да бидеме луѓе.

#Лајка5 #ВдомиЉубов #ХуманостаЕНашИзбор

13/10/2025

👉Во пресрет на изборите, прашањето за благосостојбата на животните мора конечно да излезе од маргините и да стане централно прашање од јавен интерес. Ова не е тема за фусноти, туку тест за институционална зрелост, правна доследност и етичка ориентација. ❌️Македонија е сведок на мачни сцени: животни убивани со отров по улиците, кучиња фрлани во борби, коњи злоупотребувани во сообраќајот и користени како товарни средства, легла оставени во контејнери, прекубројна популација на улични мачки оставена без решение, диви животни затворени како експонати, нефункционални стационари кои убиството го прикажуваат како „решение“.

Односот кон животните не е споредна тема. Тој покажува дали општеството е хумано или сурово, дали владеат вредности или безредие. Денес институциите молчат, а на терен остануваат само активистите и хуманите граѓани кои ја вршат работата што властите ја избегнуваат.

Затоа прашањето до секој кандидат е јасно и неминовно:

👉ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ЛИ ОДГОВОРНОСТ – ИЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПРОБЛЕМОТ❓️

Во име на мнозинството хумани и одговорни граѓани, од кандидатите за градоначалници БАРАМЕ јасен став и согласност околу овие прашања :

https://anima-mundi.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=449:-2025&catid=68:2011-11-20-05-11-09&Itemid=342

1️⃣ Масовна стерилизација, вакцинација и микрочипирање – единствениот хуман начин да престане бескрајниот циклус на страдање на бездомните кучиња. Третирање на 75% од репродуктивно способните единки затекнати на улица на дадена територија. Системски, секој град и село, секаде.

2️⃣ Стационари водени од активисти и програмска трансформација по моделот на ЈП „Лајка“ и воведување 24/7 итна служба. Во Скопје бараме континуитет на тимот што ја трансформираше „Лајка“, драстично проширување на капацитетите, зголемен буџет, регионална и институционална координација; координација со општините во рамки на градот и исполнување на нивните обврски кон јавното претпријатие
3️⃣ Реална контрола и инспекција на сопствеништвото на миленици. До денес, ниту една општина не воспоставила вистинска контрола врз сопствеништвото на миленици, иако тоа е законска обврска. Проблемот не почнува од улицата, туку од домот. Зад секое куче или мачка на улица стои неодговорен сопственик Воведување данок за секое репродуктивно способно куче и мачка, како и стимулативни мерки за одговорните граѓани: бесплатни стерилизации и вакцинација за сопственички животни.

4️⃣ Програми за хумана контрола на прекубројноста на мачките на улиците, заедно со субвенции за бесплатни стерилизации. Во Македонија само три општини во Скопје обезбедиле поддршка за стерилизации на мачки – што е недозволиво и уникатно во споредба со соседството и Европа. Фактите говорат дека 75% од родените мачки умираат невидливи на улица (труени, газени, давени, фрлени живи новородени во контејнери или од болести)

5️⃣Активни општини, кои преку засилени комунални инспекторски служби, ќе превенираат, евидентираат и процесираат случаи на насилство врз животните, со што ќе ја штитат безбедноста на сите. Хуманост како јавна вредност. Борбите со кучиња се организиран криминал што мора да се третира како таков. Расфрлањето отрови е девијантност и јавна опасност. Фрлањето мачиња во контејнери, насилството врз животни е психопатско однесување што мора да се гони кривично.

6️⃣Забрана за движење на влечни коли со коњи во урбаните средини - коњите не се превозно средство во 21 век. Камшици, пот, крв, асфалт и издувни гасови не се достоинствен живот, туку тортура пред очи на јавноста.

7️⃣Трансформација на зоолошките во центри за рехабилитација и конзервација на диви автохтони видови – не затвори за животни, туку училишта за хуманост и еко-туризам.

8️⃣ Изградба на гробишта за миленици, бидејќи Македонија е единствената европска земја без системско решение за ова прашање. Граѓаните се принудени тајно или незаконски да ги закопуваат или фрлаат телата на милениците со здравствени и еколошки ризици.

ОВА СЕ ЈАВНИ БАРАЊА НА КОИ ОЧЕКУВАМЕ НЕДВОСМИСЛЕНИ И КОНКРЕТНИ ОДГОВОРИ. Барањата се заедничка платформа на Анима Мунди и здруженијата партнери: Шепасти Ентузијасти Скопје, Срце за животните - Тиквеш, Мали Херои Битола, Paws-2021 / Шепи-2021, Kumanovo Animal Save, NARD Macedonia, Ејнџелкетс Скопје, Е.Д.Е.Н. и Лина Спаси живот - Кавадарци .

Секое ваше изјаснување по овие прашања ќе го споделиме на платформите на Анима Мунди со 70.000 членови, партнерски организации и страници како и преку националните и локалните медиуми.

12/10/2025

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ по повод започнувањето на судскиот процес за масакрот во скопската Зоолошка градина

Утре започнува судскиот процес за масакрирањето на коњи и една мазга во скопската Зоолошка градина – еден од најмонструозните и најсрамните настани во поновата историја на односот кон животните во нашата земја. Овој чин претставува невидена суровост, злоупотреба на службена положба и кршење на сите морални и законски норми.
Бараме најстрога судска осуда, затворски казни и целосна кривична одговорност за сите инволвирани – директните извршители, соучесниците и поранешниот директор Кристијан Стаменов, кој ја претвори институцијата што треба да штити животни во кланица под отворено небо.
Станува збор за убиство и мачење животни без проценка, без дозвола и без етички основ, сторено пред очи на јавноста. Уште поскандалозно е што лицето под истрага за ова дело денес сè уште е вработено во ЗОО Скопје, и тоа со овластувања за контрола и надзор на квалитет – што е целосно неприфатливо и опасно.
Бараме итно разрешување на сите вклучени, транспарентна постапка отворена за јавноста, и највисоки затворски казни според законот за мачење и убиство на животни.
Животните се живи суштества со права, а не отпад. Зоолошката градина мора да биде место на грижа и хуманост, не на насилство и злоупотреба.
Ги повикуваме институциите да постапат со максимална сериозност во овој случај. Мачењето и убивањето на животни не смее и нема да помине без последици. Јавноста е тука и будно го следи секој чекор до конечниот исход.
Ние нема да отстапиме, нема да замолчиме и нема да простиме додека правдата не биде исполнета.
АНИМА МУНДИ

29/12/2024

Претпразнична чајанка во Лајка 🎄 ☃️

Ја заокружуваме 2024 тата година, во топлина, дружење и љубов, со деца и човековиот најверен пријател, кучињата – а ние ги имаме секакви во ЈП Лајка 😊.
Најубавите прослави ќе ги започнеме со нашите мали херои: бројни другарчиња, децата со атипичен развој, кои се поим за сила и храбост, кои умеат да се радуваат и сакаат најмногу.
Секојдневието на овие деца и нивните родители е исполнето со бројни предизвици и токму тие се наша врвна инспирација.

На 30. декември, во понеделник (14:00 часот) со учество на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија и поддршка од А1 Македонија, ќе ги пречекаме децата од здруженијата Аутизам МК / Autism Awareness MK, Кохлеарно Срце, Equality и НВО Дневен центар Доза Среќа, заедно со нивните родители и активисти, и заеднички ќе приредиме незаборавно дружење.

Со особено задоволство информираме дека на нашиот настан ќе присуствува и Нејзината екселенција, г-ѓа Анџела П. Агелер, Амбасадорка на Соединетите Американски Држави, која ќе го поддржи ова прекрасно дружење, заедно со високи претставници од амбасадата.

Драги пријатели, нашата новогодишна желба е да создадеме хумано општество кое ги прифаќа сите – луѓето и животните, свет во кој се препознаваат различностите и се поддржуваат индивидуалните можности, каде што даваме поддршка едни на други (меѓусебна, но и системска) безрезервно, секогаш и секаде.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when All the luck in the world for Lucky's friends posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to All the luck in the world for Lucky's friends:

Share