10/04/2026
Побегуља 😉
Убав денешниов ден, драги мои. Убаво почна ...утринска прошетка, па набрзо уште една додуша пола пут се возев со кола, ама пак истегнав нозе, обележив територија сто пати, испразнив цревца ...ама сФе по ред.
Домче : стапче, колаче ...башка сВите тројца дома...мераци.
Е едно време еден по еден ги снема. Останав само со госпожата. Таа се збрцала во кујна ...ја до неа ...пушти нешто ма цицијке . Јок бре, не ме зарецкуе. А време гледам се утеруе за ручече, ама треба уште една прошетка , алоооо ...ајде искачај ...сакам надвор. И држ не дај ...со плачење, молење, ржење па и гребење успеав да ја убедам.
А надвор милина ...сонценце, топличко , другарчиња еден куп ...и бааги се исшетавме. Па ја начекавме госпоѓицата, па ме пуштија и мене да влезам во еден бутик ( многу сум и благодарен на тетката ), па се вртеа, па носеа, разнесуваа, пробуваа облеки и се смилуваа да си одиме дома, зошто збеснав : ало бре, усул да се немало ...ми се јаде, гледате ли колку е саат , безобразни едни низаедни.
Нејсе .. до дома трчечим кораком, во еден здив сум стасал ...празно мешлаче бара лапачка.
Среќа што ми беше готово ручечето инаку ќе ја јадев госпожата , жими сФе.
И сега следи најдобриот( најлошиот) дел од денот.
Само што го наполнив мешлачето , се прибра дома и газдата. Кога се расприкажаа, кој каде бил, кој што направил, кој што купил ...мене ме баталија. Сакајќи да се повлечам во собата на госпоѓицата видов дека и двете врати од надвор се отворени. И нормално си излегов.
Е сега , не сум ви кажал дека до мене се всели една лепотица Лена , ама не е од мојата раса , ама тоа на нас мушкарците не ни е ни важно , нели?
Е таа комшивка моја последниве неколку дена навистински ме збудалува ❤️, ја осеЧам кога ќе излезе од нејзиниот стан, па кога ќе влезе во лифт, па кога се враќа ...а чат- пат и од тараса ми праќа ишарети😉( умен сум бе, немојте да ме кажете на моја Лана)
И така ви кажувам, фино лепо си излегов низ врата и тргнав по мирисот да ја барам комшивка Лена. Кај нејзе пред врата, па по скали надолу. Стасав до надворешна врата од зграда и застанав ...како да излезам, ја осеЧам Лена , прошла од тука. Да бидам искрен , не знам кој ја отвори вратата, ама штрафта низ неа.
Фридоооом ...добро де ...слободааааа, без никој околу мене, без градници, поводници и останати тракатанци си ја прошетав Бандитен штрасе и угоре и удоле. Никој не ме караше: не таму, не ваму, симни се доле, не во тревата ...абе мераци, како да ви кажам ...убавињи.
Не можам да кажам колку време ми траеше прошетката кога наеднаш си го слушнав името и си го видов газдата.
Ауууууу ...не сакате да знаете што сФе ми изнакажа, прво ме грабна во раце и правец домче. А таму продолжи заедно со госпоѓицата: ненормален, нетокму, будала, побегуљо, ќе те грабне некој, кола ќе те прегази, ќе те тепаат, ќе те продадат, ќе те отрујат ...па дојде и госпожата ( и таа ме барала) па и она кога отвори една уста ....ауууу
Доста бре ми се дерете, почнав и јас да се карам ...па да ги лаам, да ги ржам ...си попив и папуча по дупе ....безобразни едни.
Значи од муабетите што ги слушнав мојата "слобода" траела повеќе од 45 минутки.
Добро признавам : крив сум , ама и вие сте криви бе и Лена е крива ....она ми мафта со опашот, вие врата ми оставате ...е што да правам јас , па нормално ...прифаќам авантура .
Сега мора да бидам добар и умен за да ме шетаат вечер...онаа лошотијата ми рече дека ќе ме врзела дома...ај ма не се занесуј., ќе ме шеташ и песни ќе пееш.🤣