19/02/2026
✅ Исполнето уште едно ветување!
📢 Објавен е ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици во 2026 година.
💰 Се надоместуваат 100% од трошоците, но најмногу до 6.000 денари по миленик (куче или маче).
👤 Право на учество имаат жители на Општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација.
📌 Услови:
✔️ Миленикот да е регистриран и чипиран (со валиден пасош);
✔️ Стерилизацијата да е извршена во регистрирана ветеринарна установа на територија на општината;
✔️ Да има доказ за извршена уплата.
📂 Потребни документи:
📝 Барање (од архива или од веб-страницата gazibaba.gov.mk);
🪪 Копија од лична карта;
🏦 Копија од трансакциска сметка;
🧾 Фискална сметка/фактура со доказ за уплата;
📘 Копија од пасош на миленикот;
📄 Потврди од ветеринарна установа;
📸 Фотографија од миленикот.
📬 Барањата се поднесуваат во затворен плик во архивата на Општината (ул. „Архимедова“ бр.2), секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
🐾Грижете се одговорно за вашите миленици – искористете ја можноста!
Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje-na-graganite-na-podrachjeto-na-opstina-gazi-baba-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-napraveni-pri-sterilizacija-na-domasni-milenici-vo-2026-godina/