27/04/2026
🐾 Правилник за работа – The Groom Room 🐾
Со цел безбедност и најдобра услуга за вашите миленици, ве замолуваме да ги почитувате следните правила:
• За миленици кои покажуваат агресија или касаат, задолжителна е претходна најава, за да обезбедиме соодветен термин и пристап.
• Доколку миленикот каса, работиме исклучиво со маска за муцка. Без неа нема можност за третман и закажување.
• Миленикот се остава на третман, а ние ќе ве контактираме 15 минути пред да биде готов.
Само доколку процениме дека вашето присуство е потребно, ќе ве замолиме да останете. Работиме со остри алати и безбедноста е секогаш на прво место, а вашето присуство го вознемирува миленикот.
• Не користиме средства за смирување на милениците. Доколку е потребна седација, ве молиме обратете се кај ветеринарна амбуланта што нуди груминг услуги.
• За миленици со целосно заплеткано крзно до кожа, единствена опција е кратко шишање со машинка. Во вакви случаи цената е повисока поради дополнителната сложеност и време.
• Цената на третманот може да варира зависно од големината на миленикот, состојбата на крзното, количината на работа и времетраењето на третманот.
• Милениците мора да бидат заштитени и третирани против паразити пред доаѓање. Во спротивно, го задржуваме правото да го презакажеме терминот заради безбедност на останатите миленици во салонот.
• Доколку не сте во можност да дојдете, ве молиме откажете го терминот навремено, за да можеме да го понудиме на друг клиент.
Клиенти кои не се појавуваат, не известуваат и не одговараат на пораки/повици по потсетување, нема да можат повторно да закажат термин.
✨ Ви благодариме за разбирањето, довербата и почитувањето на нашето време, како што и ние го почитуваме вашето.
🐶🐱 The Groom Room