08/05/2026
Со особена чест ве поканувам на промоцијата и потпишувањето на мојата книга на 09.05 во 12:00 часот во Books & Dogs (Три Бисери Скопје).
Оваа книга е создадена со многу љубов, инспирирана од животните и нивните приказни, а најубавото е што вистинските јунаци од книгата ќе бидат присутни заедно со нас на самиот настан.
Промоцијата ќе ја води Мери Јордановска.
Од 12:00 до 13:00 ќе се одржи промоција и потпишување на книгата, а од 13:00 до 14:30 ќе имаме можност за фотографирање и дружба со животните од книгата.
Ве очекувам да споделиме заедно една топла, весела и незаборавна приказна.