12/06/2026
👉Пиометра е сериозна бактериска инфекција на матката кај нестерилизирани женски кучиња.
🔷Симптомите вклучуваат летаргија, намален апетит, зголемена жед, повраќање и покачена температура. Кај отворена пиометра се забележува гнојав исцедок од вулвата, додека кај затворена пиометра исцедок може да нема. Состојбата може брзо да доведе до сепса и животозагрозувачки компликации.
✅Дијагнозата се поставува со клинички преглед, хематолошки анализи и ултразвучен преглед.
Најефикасен третман е хируршко отстранување н а матката и јајниците.
‼️Стерилизацијата е најсигурна метода за превенција на пиометра
📞 +389 75 246 611