
23/04/2025
Најчести грешки при примена на спот он ампулите
Од голема важност е ампулата да се нанесе во прав момент, никако пред бањање ниту веднас после него.
Спот он препаратите се таложат на лојните жлезди на вашиот миленик ,па од таму се лачат и го остваруваат своето дејство. Ако препаратот се нанесе пред бањање , поголемиот дел ќе се одмие па ке се изгуби и дејството. Ако пак нанесете на штотуку избањато куче исто така нема да може правилно да делува , бидејки со бањањето одреден слој на мсти од кожата на кучето кои овозмижуваат заштита.
Многумина од нас цесто пати и го втруваат средството во кожата што исто така се смета за грешка , доволно е само да го нанесете на кажата во пределот на вратот или помеѓу лопатките на животното.
Дали миленикот можа со тек на време да стане имун на препаратот
Не е потребно периодично да го менувате препаратот за заштита од болви и крлежи кога е во прашање резистентноста на миленикот кон него , туку потребно е сезонски да ги менувате поради резистентноста на паразитите кон него, но сепак најважно е правилно да се нанесе.
Ампулите содржат препарати штетни за болвите и крлежите , но не и за миленикот но сепак треба да се поведе грижа околу изборот на препаратот бидејки е установено дека некои врсти животни послаби реагираат на одредени средства. Одредени единки не ги задржуваат заштитните материи , не поради слабото дејство туку поради индивидуални својства на кожата како и квалитетот на истата.
Пропишаната доза и правилното нанесување се клуч за правилна заштита
Заштитните средства обавезно купувајте ги во оригиналната амбалажа со приложено упатство за употреба во него кое трега детално да го прочитате и поучите бидејки од голема важност е правилната употреба. Доколку немате искуство со изборот на средства и начинот на нивната употреба консултирајте се со ветеринар.
Покрај правилната употреба од важност е и правилното дозирање. Имајте во предвид дека ниту една ампула нема поголемо дејство од месец дена за кржелите и месец ипол за болвите без разлика на количината и силата на истата туку поради капацитетот на лојните злезди. Луѓето прават грешка кога ставаат послаба ампула од пропишаната за да не би наштетиле на животнот