Veterinary Center Vito Vet

Veterinary Center Vito Vet Ветеринарен центар Vito Vet

🎉🎉🎉5️⃣ години од постоењето на првиот Ветеринарен Центар  во Прилеп, ВИТО ВЕТ 🎉🎉🎉 📌 Уште една година исполнета со многу ...
01/04/2026

🎉🎉🎉5️⃣ години од постоењето на првиот Ветеринарен Центар во Прилеп, ВИТО ВЕТ 🎉🎉🎉

📌 Уште една година исполнета со многу работа, посветеност и успешни приказни‼️

📌 Заедно со Вас, заокружуваме уште една година со успешно излекувани многу пациенти и среќни приказни. Вие ни давате мотив да продолжиме и понатаму да се надоградуваме, сѐ со една цел, да се подобри квалитетот на Ветеринарната медицина во нашиот регион❗️

📌 Во знак на благодарност, сите стоматолошки прегледи и интервенции во месец Април ќе бидат со 50% попуст‼️

📌 Закажете преглед за вашиот миленик ‼️

📌 Ве очекуваме‼️

📌 МАЧЕШКА ВИРУСНА ИМУНОДЕФИЦИЕНЦИЈА (FIV)‼️ 📌 Ова е многу  тешка и заразна болест кај мачките. Овој вирус е од иста фами...
17/01/2026

📌 МАЧЕШКА ВИРУСНА ИМУНОДЕФИЦИЕНЦИЈА (FIV)‼️

📌 Ова е многу тешка и заразна болест кај мачките. Овој вирус е од иста фамилија како вирусот на сида кај луѓето (HIV-Humane Imunodeficiency Virus) и е многу сличен по епидемиологијата и по симптомите на болеста. Иако вирусот е сличен на човечкиот ХИВ, тој е видово специфичен и не претставува ризик за луѓето.

📌 FIV се излачува преку плунката на заболената мачка и најчест начин на пренесување е преку угризни рани.

📌 Прва - акутна фаза на инфекцијата
Првата фаза почнува 4-6 недели после контактот со заболената мачка, се карактеризира со слаб апетит, висока температура, отекување на лифните јазли, дијареа, воспалителни промени на кожата.
📌 Втора фаза – асимптоматска , латентна фаза.
Оваа фаза не е проследена апсолутно со никакви симптоми и може да трае со месеци или години.
📌 Трета фаза - хронична терминална фаза.
Се карактеризира со најразлични симптоми затоа што доаѓаат од секундарните инфекции.
Симптоми кои се јавуваат се прогресивен губиток на тежината, хронични бактеријски инфекции кои не реагираат на антибиотици, висока температура, зголемени лимфни јазли. Во усната празнина се јавуваат рани, воспалителни процеси на гингивите и устата. Симптоми на горните респираторни патишта се гноен исцедок од носот, кашлица, знакови на пнеумонија, симптоми на гастроинтестиналниот тракт, акутна и хронична дијареа. На кожата се јавуваат апцеси, гнојно воспалување на ушите и воспалување на целата кожа. Кај некои мачки се јавуваат и хронични проблеми со уринарниот тракт. Ретки се промените на централниот нервен систем. Голем е процентот на појава на тумори‼️

📌 Откако мачката ќе се инфицира со FIV, вирусот останува во нејзиното тело засекогаш.

Ветеринарен Центар Vito Vet

✅ 2025 DONE ✅ Оваа година ја завршуваме со една хумана приказна со среќен крај‼️Во нашиот тим се придружи уште еден член...
31/12/2025

✅ 2025 DONE ✅

Оваа година ја завршуваме со една хумана приказна со среќен крај‼️

Во нашиот тим се придружи уште еден член, Милица‼️

Милица беше маче кое живееше во кругот на една фабрика во Прилеп. По дојава на дел од вработените во таа фабрика, Милица беше донесена во Ветеринарниот Центар Vito Vet. Поради сериозноста на повредите и општата состојба, Милица беше задржана кај нас за понатамошно лекување. Откако нејзината општа состојба беше подобрена, се одлучивме за ампутација на преден екстремитет поради целосно оштетување на коските и инервацијата. Операцијата беше успешна, а таа одлично ја помина самата хируршка интервенција и анестезија. После две недели од операцијата, Милица е потполно опоравена, игрива и весела. Таа останува со нас, како дел од тимот на Vito Vet.

А на Вас би Благодариме на довербата и што сте со Нас изминативе години, ни давате мотив да продолжиме со нови цели и успеси.
Нашите желби во Новата година се здрави и среќни пациенти‼️

Тимот на Ветеринарниот Центар Vito Vet, Pet Store Vito и Pet House Vito ви посакуваат Среќни Новогодишни и Божиќни празници‼️

Со Почит, Ваш Ветеринарен Центар Vito Vet🥇

📌 Луси за прв пат ќе биде Мајка, очекуваме новогодишни поклончиња😹‼️Ветеринарен Центар Vito Vet
20/12/2025

📌 Луси за прв пат ќе биде Мајка, очекуваме новогодишни поклончиња😹‼️

Ветеринарен Центар Vito Vet

📌 Бела е нашиот херој ‼️📌 Поради компликации при пораѓај повеќе од 10 часа,  извршен е Царски рез, а на свет ни пристигн...
22/11/2025

📌 Бела е нашиот херој ‼️

📌 Поради компликации при пораѓај повеќе од 10 часа, извршен е Царски рез, а на свет ни пристигнаа 6 здрави и витални бебиња‼️

📌 Бела и бебињата се во одлична здравствена состојба, а наредните денови следуваат контроли и терапија ‼️

Ветеринарен Центар Vito Vet

Најдено е куче во населба Точила, доколку некој го бара можи да не контактирате ‼️
07/11/2025

Најдено е куче во населба Точила, доколку некој го бара можи да не контактирате ‼️

📌 Нашиот херој, Лара ‼️📌 Лара е на возраст од 9 години, донесена е во Ветеринарниот Центар во тешка здравствена состојба...
01/11/2025

📌 Нашиот херој, Лара ‼️

📌 Лара е на возраст од 9 години, донесена е во Ветеринарниот Центар во тешка здравствена состојба, со покачена телесна температура, летаргичност и со болки во пределот на абдоменот. После направените лабораториски испитувања и ехо дијагностика, дијагностицирана е Пиометра‼️

📌 Поради сериозноста на здравствената состојба, одлучивме итно да се оперира иако ризикот беше голем‼️

📌 Лара одлично ја помина операцијата и е во стабилна состојба, а наредните денови следуваат контроли и терапија за целосно опоравување‼️

🥇🥇🥇Ветеринарен Центар Вито Вет🥇🥇🥇

📌 Панлеукопенија е вирусно заболување предизвикано од Парво вирус‼️Вирусот може да се шири преку директен контакт со зар...
31/10/2025

📌 Панлеукопенија е вирусно заболување предизвикано од Парво вирус‼️
Вирусот може да се шири преку директен контакт со заразено маче, но и преку предмети, храна, вода контаминирани со вирусот‼️
Поради високата отпорност, вирусот опстојува подолг период во животната средина и отпорен е на многу дезинфициенси‼️
Карактеристични симптоми на ова заболување се забележуваат треска, летаргичност, губење на апетит, повраќање и дијареа❗️
Вирусот исто така предизвикува забележително намалување на белите крвни клетки, оставајќи ги заразените мачки подложни на секундарни бактериски инфекции‼️

📌 Инфекцијата обично трае 5 до 7 дена за да го помине својот тек, мачињата под 5 месеци обично се најсериозно погодени, па дури и со интензивен третман, исходот може да биде фатален❗️

📌 Нашата пациентка успешно го помина третманот и денес е потполно здрава и игрива како и претходно благодарение на брзата и навремена дијагностика и отпочнување со лекувањето‼️

📌 Единствено решение за да го заштитите вашиот миленик од ова сериозно заболување е навремената и правилна вакцинација‼️

📌 Бек итно е донесен во Ветеринарниот Центар поради удар од кола ‼️📌 Направен е преглед, крвни испитувања. ултразвук на ...
26/10/2025

📌 Бек итно е донесен во Ветеринарниот Центар поради удар од кола ‼️

📌 Направен е преглед, крвни испитувања. ултразвук на абдомен‼️

📌 За среќа нема сериозни повреди и е надвор од животна опасност‼️

📌 Повредата на ногата, отворена рана но без скршеници е третирана и сошиена, па наредните денови следуваат контроли, преврски и терапија‼️

📌 Се подаруваат три бебиња, две женски и едно машко, редовно прочистувани‼️☎️ 078455892 - Моника ‼️
09/10/2025

📌 Се подаруваат три бебиња, две женски и едно машко, редовно прочистувани‼️

☎️ 078455892 - Моника ‼️

18/09/2025

📌 Дирофилариоза е едно од паразитските заболувања кај кучињата и човекот. Ова заболување е предизвикано од глистата Дирофиларија, која се приспособила да живее во крвните садови и срцето на кучињата‼️

📌 Паразитот се пренесува преку комарци кои се инфицирани со ларви од заразени животни. Ларвите се развиваат во комарецот и потоа комарецот ги пренесува на друго кучет, се пробиваат до крвотокот и се стационираат во десната половина на срцето. Таму се развиваат во возрасни паразити, што може да трае 4-5 месеци. Женските паразити можат да се пренесат и на фетусот кога кучето е скучно‼️

📌 Освен кучињата, дирофилариозата може да заболи и луѓе како преодни домаќини. Зрелите паразити не можат да опстанат во срцето на човекот, па затоа се настануваат во белодробните артерии и предизвикуваат повеќе штети.

📌 Симптомите на дирофилариозата можат да бидат видливи или понекогаш да не се забележуваат. Кучињата можат да покажат одбивање на наредби, намалена работна желба, суво кашлање и брзо и нагло слабеење. Други симптоми вклучуваат намален апетит, треска и можни епилептични напади. Видливите слузници може да бидат цијанотични, а дишењето да биде отежнато. Инфаркти на виталните органи можат да предизвикаат изненадна смрт.

📌 Превентивата е многу важна, и постојат неколку начини за заштита. Механичката и хемиската заштита вклучуваат користење на репелентни средства кои делуваат против комарци. Медикаментозната заштита вклучува употреба на моќни лекови во ветеринарната медицина кои го контролираат причинителот на оваа болест‼️

🥇🥇🥇 Ветеринарен Центар Vito Vet 🥇🥇🥇

Address

Vasko Karangeleski Br 56
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 19:00
Saturday 08:00 - 17:00

Telephone

+38976428012

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Veterinary Center Vito Vet posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Veterinary Center Vito Vet:

Share

Category