28/09/2024
СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ БЕСНИЛО
Светскиот ден за борба против беснило е најголемиот настан во глобалниот календар за беснило и се одбележува секоја година на 28 септември - годишнината од смртта на Луј Пастер . Овој ден има за цел да ја подигне свеста и да се залага за елиминација на беснилото на глобално ниво.
Тоа е настан дизајниран да биде инклузивен и ја нагласува потребата за меѓусекторски и прекугранични соработки, здружувајќи ги владите, здравствените организации, ветеринарните служби и заедниците.
Имајќи го предвид овој концепт за надминување на предизвиците што не спречуваат да работиме заедно, темата за овогодинешниот Светски ден на беснило е: “Кршење на границите за беснило”. Со оваа тема се истакнува потребата да се пробијат границите што не спречуваат да постигнеме елиминација на беснилото. Треба да се движиме подалеку од статус кво , за да можеме да ја постигнеме нашата колективна цел нула заболени од беснило до 2030 година. Покрај тоа, има двојно значење бидејќи беснилото не препознава граници и затоа е прекугранична болест.
Со кршење на границите, можеме да ги надминеме географските, социо-економските и образовните бариери, обезбедувајќи широко распространета вакцинација, свесност и пристап до медицинска нега. Овој унифициран пристап е клучен во борбата против беснилото, поттикнувајќи свет во кој болеста повеќе не е закана за луѓето и за животните.
Затоа Ветеринарната комора апелира до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво и одговорно граѓанство. Вакцинацијата против беснило е со Закон утврдена обврска и истата гарантира превенција од една тешка и смртоносна заразна болест. Редовно вакцинирајте ги вашите кучиња и мачки.
Ајде да го спроведеме One Health во пракса и да го елиминираме беснилото за да постигнете нула смртни случаи!