Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë

  • Home
  • Macedonia
  • Скопје
  • Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë

Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë, Улица 16 –та Македонска бригада бр. 2-3, Скопје.

Комората е организирана како професионална организација на докторите по ветеринарна медицина во државата, вработени во сите сегменти на ветеринарната служба. Како таква, Македонската Ветеринарна Комора успешно дејствува во унапредувањето на ветеринарната професија и улогата на ветеринарните професионалци во ветеринарниот сервис на државата.
Со измените на Законот за ветеринарно здравство од 20

07 и Статутот на Комората донесен на Собрание на ден 13.09.2008 година името на Македонската Ветеринарна Комора се менува во Ветеринарна Комора на Република Македонија и темелно се зајакнува нејзината позиција и улогата како институција со Јавни овластувања добиени од страна на државата, кои за цел имаат заштита и унапредување на стручните, научните и економските интереси на докторите по ветеринарна медицина преку регистрација, лиценцирање, контрола на работата на ветеринарните стручњаци и нивна континуирана едукација. На овој начин се надеваме дека ќе се создадат услови ветеринарите во нашата држава да го добијат заслуженото место и позиција, како и нашите колеги во Европа кон која искрено тежнееме.

Ветеринарната комора на Република Македонија на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита Курбан Бајрам.Овој п...
27/05/2026

Ветеринарната комора на Република Македонија на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита Курбан Бајрам.

Овој празник нека ни послужи како потсетник за хуманост, грижа еден за друг и заедничка одговорност.
Посакуваме празничните денови да донесат мир, изобилство, хармонија и радост во секој дом. 🕊️ ✨ 🌙

Бајрам Шериф Мубарек Олсун
___________________________________
Oda Veterinare e Republikës së Maqedonisë ua uron Kurban Bajramin të gjithë qytetarëve të besimit islam.

Le të na shërbejë kjo festë si një kujtesë për humanizëm, kujdes ndaj njëri-tjetrit dhe përgjegjësi të përbashkët.

Ju dëshirojmë që ditët festive të sjellin paqe, begati, harmoni dhe gëzim në çdo familje. 🕊️ ✨ 🌙

Bajram Sherif Mubarek Olsun

ОДРЖАНО 30-ТО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ВКМНа 13.05.2026 година, во хотел „Континентал“ – Скопје, се одржа 30-то Редов...
14/05/2026

ОДРЖАНО 30-ТО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ВКМ

На 13.05.2026 година, во хотел „Континентал“ – Скопје, се одржа 30-то Редовно годишно собрание на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.
По утврдувањето на кворумот, Собранието ја започна својата работа со оддавање почит со едноминутно молчење во чест на прерано починатиот д-р спец. Димитар Венев, истакнат доктор по ветеринарна медицина.
Работниот дел започна со поздравно обраќање на претседателот на ВКМ, д-р Жарко Михајлоски, кој го презентираше извештајот за активностите на Комората во периодот помеѓу двете собранија. Во обраќањето беа нагласени главните предизвици со кои се соочува Комората, особено активностите поврзани со решавање на проблемот со неисплатените средства кон ветеринарните друштва со јавни овластувања, како и потребата од зголемување на цените за активностите предвидени со Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Извештајот беше едногласно усвоен.
На Собранието беше презентиран и усвоен Финансискиот извештај за 2025 година, според кој ВКМ остварила позитивен финансиски резултат. Надзорниот одбор, преку извештајот презентиран од д-р Рамис Асани, констатираше дека средствата се трошени наменски и целисходно, при што е евидентирана значителна финансиска акумулација.
Надзорниот одбор по трет пат ја истакна потребата од корекција на износот на членарината, пред сè поради потребата од долгорочно и стабилно буџетирање на Комората.
Претседателот на Стручниот одбор, проф. д-р Ромел Велев, поднесе извештај за работата на Одборот, со осврт на активностите поврзани со издавањето, продолжувањето и обновувањето на лиценците за работа на докторите по ветеринарна медицина, како и процесот на акредитација на настани за континуирана едукација. Посебен акцент беше ставен на заштитата на процесот на организирање континуирана едукација, како дел од јавните овластувања на ВКМ.
Со оглед на тоа што мандатот на актуелните тела и органи на Комората завршува ова лето, а имајќи ги предвид летните годишни одмори, Собранието донесе едногласна одлука, согласно Статутот, за продолжување на мандатот на органите и телата на Комората до 15 октомври 2026 година, како краен рок за завршување на изборниот процес.

До тој период, како клучна задача на раководството на Комората останува решавањето на егзистенцијалните проблеми на ветеринарните друштва вклучени во активности од јавен интерес.
На крајот, претседателот на Комората им се заблагодари на делегатите за конструктивното учество во работата на Собранието, упатувајќи повик за единство и нагласувајќи дека Ветеринарната комора останува главен застапник на ветеринарната професија и единствена институција која може да ги обедини сите сегменти на нашата професија.

IN MEMORIAMд-р. спец Димитар ВеневСо длабока тага се простуваме од нашиот почитуван колега, пријател и истакнат доктор п...
12/05/2026

IN MEMORIAM
д-р. спец Димитар Венев

Со длабока тага се простуваме од нашиот почитуван колега, пријател и истакнат доктор по ветеринарна медицина Димитар Венев, човек кој целиот свој живот го посвети на ветеринарната медицина, грижата за животните и помошта на луѓето.
Роден на 20 август 1958 година во Димитровград, основното и средното образование ги завршува во Куманово. Дипломира на Ветеринарниот факултет во Белград во 1982 година. Истата година се враќа во Куманово и започнува со работа во ЗИК Куманово, каде работи како ветеринарен лекар до 1985 година.
Од 11 февруари 1985 година својот професионален пат го продолжува во Ветеринарниот сточарски центар Куманово, каде со децении работеше како доктор по ветеринарна медицина – специјалист за болести кај мали животни, а подоцна и како технички директор на центарот. Со својата стручност, посветеност и огромно искуство стана препознатливо и почитувано име во ветеринарната професија.
Специјализацијата за болести кај мали животни ја завршува во 1997 година во Белград. Во текот на целиот свој работен век беше особено посветен на лекување и грижа за домашните миленици, особено кучиња и мачки, а многу генерации сопственици на миленици ќе го паметат по неговата човечност, трпеливост и подготвеност секогаш да помогне.
Покрај професионалните успеси, беше човек со големо срце, почитуван меѓу колегите и сакан од сите што го познаваа.
Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите што го сакаа и почитуваа.
Погребот ќе се изврши на 13.05.2026 година (среда) во 15:00 часот на Градските гробишта во Куманово.

БИТОЛА ПОВТОРНО ЦЕНТАР НА ВЕТЕРИНАРНАТА ПРОФЕСИЈА – НАД 240 УЧЕСНИЦИ НА 4-ТИОТ СЕМИНАР НА ВКМ И УКЛОВо прекрасниот амбие...
11/05/2026

БИТОЛА ПОВТОРНО ЦЕНТАР НА ВЕТЕРИНАРНАТА ПРОФЕСИЈА – НАД 240 УЧЕСНИЦИ НА 4-ТИОТ СЕМИНАР НА ВКМ И УКЛО

Во прекрасниот амбиент на Офицерски дом,на 09.05.2026 година се одржа 4-тиот Семинар во организација на Ветеринарна комора на Република Македонија и Ветеринарниот факултет при УКЛО Битола, кој со повеќе од 240 учесници, гости и предавачи се вброи меѓу најмасовните и најзначајни настани досега организирани во рамките на континуираната едукација на ветеринарната професија во државата.
Настанот претставуваше вистинска потврда за значењето и обединувачката сила на ветеринарната професија, собирајќи на едно место доктори по ветеринарна медицина, претставници на академската заедница, институциите и колеги од повеќе држави од регионот.
Свои обраќања на отворањето на семинарот имаа домаќините — деканот на Ветеринарниот факултет во Битола, проф. д-р Панче Дамески, и претседателот на Ветеринарната комора, д-р Жарко Михајлоски, а на присутните им се обратија и ректорот на Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, проф. д-р Игор Неделковски, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, како и директорот на Агенција за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов.
Во своето обраќање, директорот на АХВ истакна дека токму докторите по ветеринарна медицина – практичари претставуваат најважната оперативна компонента без која Агенцијата не би можела ефикасно да ја остварува својата функција во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје.
Особена вредност на семинарот му дадоа и предавањата на еминентни предавачи од земјата, како и гости од Словенија, Бугарија и Србија, кои преку своите излагања овозможија размена на искуства, современи знаења и професионални практики од различни области на ветеринарната медицина.
Преполната свечена сала, која остана исполнета до последното предавање, беше најдобрата потврда за интересот, посветеноста и потребата од вакви професионални собири. Воедно, тоа беше и јасен показател дека овој семинар, кој веќе четврти пат се организира во Битола, прераснува во значајна и препознатлива традиција на македонската ветеринарна професија.
Семинарот уште еднаш покажа дека кога се обединети струката, академската заедница и институциите, се создава простор за вистински професионален напредок, меѓусебна поддршка и градење на заедничка визија за иднината на ветеринарната медицина.

MANASTIRI ËSHTË PËRSËRI NJË QENDËR PËR PROFESIONIN VETERINAR – MBI 240 PJESËMARRËS NË SEMINARIN E 4-TË TË VKM DHE UKLO

Në ambientin e mrekullueshëm të Shtëpisë së Armatës, më 09.05.2026 u mbajt Seminari i 4-të në organizim të Odës Veterinare të Republikës së Maqedonisë dhe Fakultetit të Mjekësisë Veterinare pranë UKLO Manastir, i cili me më shumë se 240 pjesëmarrës, mysafirë dhe ligjërues u rendit ndër ngjarjet më masive dhe më të rëndësishme të organizuara deri më tani në kuadër të edukimit të vazhdueshëm të profesionit veterinar në vend.
Ngjarja përfaqësoi një konfirmim të vërtetë të rëndësisë dhe forcës bashkuese të profesionit veterinar, duke mbledhur në një vend doktorë të mjekësisë veterinare, përfaqësues të komunitetit akademik, institucioneve dhe kolegë nga disa shtete të rajonit.
Fjalime në hapjen e seminarit mbajtën nikoqirët — dekani i Fakultetit të Mjekësisë Veterinare në Manastir, prof. dr. Pançe Dameski, dhe kryetari i Odës Veterinare, dr. Zharko Mihajlloski, ndërsa të pranishmëve iu drejtuan edhe rektori i Universitetit “Shën Klimenti i Ohrit” – Manastir, prof. dr. Igor Nedellkovski, kryetari i Komunës së Manastirit, dr. Toni Konjanovski, si dhe drejtori i Agjencisë për Ushqim dhe Veterinari, dr. Oliver Milanov.
Në fjalimin e tij, drejtori i AUV-së theksoi se pikërisht doktorët praktikues të mjekësisë veterinare përfaqësojnë komponentin më të rëndësishëm operativ pa të cilin Agjencia nuk do të mund ta realizonte në mënyrë efikase funksionin e saj në mbrojtjen e shëndetit të kafshëve, sigurisë ushqimore dhe shëndetit publik.
Vlerë të veçantë seminarit i dhanë edhe ligjëratat e ligjëruesve eminentë nga vendi, si dhe mysafirëve nga Sllovenia, Bullgaria dhe Serbia, të cilët përmes prezantimeve të tyre mundësuan shkëmbim përvojash, njohurish bashkëkohore dhe praktikash profesionale nga fusha të ndryshme të mjekësisë veterinare.
Salla solemne e mbushur plot, e cila mbeti e tillë deri në ligjëratën e fundit, ishte dëshmia më e mirë për interesimin, përkushtimin dhe nevojën për tubime të tilla profesionale. Njëkohësisht, kjo ishte edhe një tregues i qartë se ky seminar, i cili organizohet tashmë për herë të katërt në Manastir, po shndërrohet në një traditë të rëndësishme dhe të njohur të profesionit veterinar maqedonas.
Seminari dëshmoi edhe një herë se kur bashkohen profesioni, komuniteti akademik dhe institucionet, krijohet hapësirë për përparim të vërtetë profesional, mbështetje të ndërsjellë dhe ndërtim të një vizioni të përbashkët për të ardhmen e mjekësisë veterinare.

30-ТО  ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА НА РМПочитувани, На ден 13.05.2026 година (среда), со почеток во 12:00 час...
11/05/2026

30-ТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ВЕТЕРИНАРНА КОМОРА НА РМ

Почитувани,
На ден 13.05.2026 година (среда), со почеток во 12:00 часот во хотел Континентал во Скопје, Ветеринарната комора на Република Македонија ќе го одржи 30-то Редовно Годишно Собрание.
ПРЕДЛОГ ДНЕВЕН РЕД
1. Отворање на 30–то Редовно Годишно Собрание и усвојување на Дневен ред;
2. Извештај на Претседателот на ВКМ за работата на Комората во периодот помеѓу двете Собранија;
3. Поднесување и усвојување на финансиски извештај на Комората за 2025 година;
4. Поднесување на извештај на Претседателот на Надзорниот одбор на Комората;
5. Поднесување на извештај на Претседателот на Стручниот одбор на Комората;
6. Информација и дискусија за состојбите во ветеринарниот сектор во Република Македонија;
7. Разно.

Присуството е задолжително за делегатите на Собрание

Почитувани колешки и колеги,Ве потсетуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно уч...
05/05/2026

Почитувани колешки и колеги,

Ве потсетуваме дека Четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, во заедничка организација на Ветеринарниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола и Ветеринарната комора на Р. Македонија, ќе се одржи на 09.05.2026 година (сабота) во Офицерски дом во Битола.
Уште еднаш нагласуваме дека присуството на семинарот е задолжително. Регистрацијата на учесниците ќе биде контролирана од страна на Комисија на Стручниот одбор, при што за идентификација е потребно сите учесници задолжително да ги носат со себе легитимациите издадени од Ветеринарната комора.
Сертификат за учество ќе добијат исклучиво оние учесници кои ќе присуствуваат на семинарот.
Настанот е акредитиран од ВКМ со 9 (девет) бодови.
Котизацијата за учество на семинарот изнесува:
– 3.000 денари за уплати до 07.05.2026 година,
– 3.500 денари за уплати после 07.05.2026 година.
Уплатата се врши на сметка на Ветеринарната комора на РСМ:
– Сметка: 200000003533314
– Банка: Стопанска банка АД Скопје
– Цел на дознака: уплата за котизација за (име и презиме)
За студенти, учеството е бесплатно.

ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТМеѓународниот ден на трудот – 1 Мај е ден посветен на борбата за зачувување и...
01/05/2026

ЧЕСТИТ 1-ВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај е ден посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тој претставува симбол на солидарноста, достоинството и заедничката заложба за подобри услови за работа.

🩺🐾 Бидете горди и посветени на она што го работите. Вашиот труд, знаење и одговорност се од исклучително значење за здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје.

Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот – здружени, единствени и сигурни сме посилни. 💪🏻

Честит Светски ден на ветеринарите!Денес оддаваме признание на сите ветеринари – клучни чувари на здравјето на животните...
25/04/2026

Честит Светски ден на ветеринарите!

Денес оддаваме признание на сите ветеринари – клучни чувари на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје. Вашата посветеност, стручност и секојдневна работа се темел на здраво општество и сигурен агро-прехранбен систем.

Во услови на сериозни предизвици со кои се соочува ветеринарната професија, вашата улога станува уште поважна и поодговорна.

По повод овој значаен ден, вчера Ветеринарната комора на Република Македонија организираше координативен состанок на кој присуствуваа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, како и Националната координаторка за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика д-р Верче Мицевска.

Преку отворена и конструктивна дискусија со членовите на Комората, беа разгледани сите актуелни прашања и сериозната состојба во која се наоѓа теренската ветеринарна служба.

Претставниците на државните институции изразија подготвеност за засилена соработка со Ветеринарната комора, со цел заедничко надминување на предизвиците и обезбедување стабилен и одржлив систем.

Ветеринарната комора останува посветена на заштита на професијата и подобрување на условите за работа, во интерес на сите граѓани.

Со почит и благодарност,
Честит празник на сите ветеринари!

📢 ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОКПочитувани,Ве потсетуваме дека денес ќе се одржи координативниот состанок по повод Св...
24/04/2026

📢 ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК

Почитувани,

Ве потсетуваме дека денес ќе се одржи координативниот состанок по повод Светскиот ден на ветеринарната професија, под мотото: „Ветеринарите: чувари на храната и здравјето“.
📅 Датум: 24.04.2026 (петок)
🕛 Време: 12:00 часот
📍 Место: Хотел Континентал – Скопје

Ќе се дискутира за клучните предизвици во ветеринарниот сектор и потребата од итни решенија.

📢 Пријавете се за наградата Great Veterinary Workplace Award 2026!➡️ Дали вашата ветеринарна организација вложува дополн...
18/04/2026

📢 Пријавете се за наградата Great Veterinary Workplace Award 2026!

➡️ Дали вашата ветеринарна организација вложува дополнителен напор и средства за поддршка на својот тим?
➡️ Дали поттикнувате култура на стручност, колегијалност, ангажман, позитивност и добро управување?

➡️ Наградата Great Veterinary Workplace Award се доделува на клинички и неклинички ветеринарни организации во Европа кои даваат приоритет на менталното здравје, професионалниот развој и позитивната работна средина.

➡️ Зошто да се пријавите?

🎯 Да го препознаете придонесот на вашето работно место кон менталното здравје на колегите
🎯 Да го промовирате вашиот тим и да стекнете признание на европско ниво
🎯 Да бидете еден од четирите победници и да освоите 500 € за вашиот тим

➡️ Заедничка иницијатива на FVE, FECAVA и IVSA, со поддршка од Zoetis Inc.

🎉 Пријавете се тука: https://buff.ly/2wHhhX4

Address

Улица 16 –та Македонска бригада бр. 2-3
Скопје
1000

Telephone

02 6 092592

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ветеринарна комора на Република Македонија / Dhoma Veterinare e Maqedonisë:

Share