Ветеринарна амбуланта Миленици

Ветеринарна амбуланта Миленици Нашата амбуланта нуди целосна ветеринарна грижа за вашите миленици.

GeriatiVet – поддршка за секој сениор миленикGeriatiVet е линија на додатоци во исхраната специјално формулирана за сени...
22/12/2025

GeriatiVet – поддршка за секој сениор миленик

GeriatiVet е линија на додатоци во исхраната специјално формулирана за сениор кучиња и мачки – за да им помогне да ја задржат енергијата, виталноста и добриот квалитет на живот.

💜 поддршка на енергијата и виталноста
💜 здравје на мускули и зглобови
💜 поддршка на имунитетот
💜 поддршка на мозочната функција

🩺 Нашето мото е: спречи, наместо лечи.

Со навремена нутритивна поддршка, стареењето може да биде полесно 🐾

КОЖНИ ТВОРБИ Кај милениците, особено кај повозрасните кучиња и мачки, често можат да се појават различни промени на кожа...
12/11/2025

КОЖНИ ТВОРБИ

Кај милениците, особено кај повозрасните кучиња и мачки, често можат да се појават различни промени на кожата — мали испакнувања, јазолчиња, брадавички или отоци.
Овие промени може да изгледаат слично, но имаат различно потекло и значење.
 1️⃣ Кожни полипи (фиброепителни полипи)

Тоа се мали, меки, издолжени израстоци кои најчесто „висат“ на површината на кожата.
Обично се бенигни, безболни и не се шират.
Се појавуваат најчесто кај постари миленици, на места каде што кожата се трие – под пазуви, на врат или на стомак.

Немаат потреба од третман, освен ако миленикот не ги гребе, лиже или во случај ако почнат да крварат.

📍 Слични се на мали брадавички, но се помеки и поеластични.

Но, понекогаш кожните творби можат да бидат и посериозни – воспалителни, заразни или дури и туморски.

👀 Затоа е важно секоја нова или променета творба да ја прегледа доктор по ветеринарна медицина, особено ако:

расте или ја менува бојата,

миленикот ја лиже, чеша или боли,

крвари или има непријатен мирис.

💙 Не паничете, но немојте да игнорирате.
Во повеќето случаи творбата е безопасна –

но раната дијагноза секогаш значи подобар исход и помалку стрес за вас и вашиот миленик.

Темата за стареењето кај милениците секогаш ни паѓа тешко.Никој од нас не сака да признае дека нашите најдобри пријатели...
03/11/2025

Темата за стареењето кај милениците секогаш ни паѓа тешко.
Никој од нас не сака да признае дека нашите најдобри пријатели имаат пократок животен век — и дека побрзо стареат од нас. 💔

Можеби и вашиот миленик веќе спаѓа во оваа категорија – сениори.
Но, дали навистина знаете што значи тоа? 🐶🐱

Можеби сте ги забележале првите знаци на стареење:
🤍 бели влакненца околу муцката и очите
😴 помала заинтересираност за игра и интеракција
🚶‍♂️ пократки прошетки
🦴 тешкотии при станување

Но, дали стареењето навистина треба да го поврзуваме со болест?

Овој месец го посветуваме на сениор милениците – затоа што стареењето не значи крај,
туку ново поглавје исполнето со љубов, грижа и благодарност. 

Со текот на годините нивните потреби се менуваат —
но нивната љубов кон нас останува иста

Бидете со нас 💖

27/10/2025

Светската здравствена организација (СЗО) ја вбројува антимикробната резистенција (АМР) меѓу 10-те најголеми глобални закани за човештвото. Оваа анкета е наменета за...

💛 Зарем има поискрена љубов од онаа помеѓу децата и животните?Од гушкање и бакнежи, до игра и читање приказни – децата с...
08/10/2025

💛 Зарем има поискрена љубов од онаа помеѓу децата и животните?

Од гушкање и бакнежи, до игра и читање приказни – децата секогаш им наоѓаат место и
улога на милениците во домот. 🐾

📚 За тоа кои приказни за миленици се најубави за читање ќе се погрижи .

Преку интерактивно читање ќе се запознаеме со прекрасни сликовници за љубовта меѓу
децата и милениците:

🐶 „Сакам лав“ – приказна за Марио и неговиот генијален план за куче

👧🐕 „Лола и јас“ – топла приказна за кучињата водичи и пријателството човек–куче

Но, иако навидум слатка и неодолива, играта може да стане и опасна – како што велиме:
од играчка – плачка.

👉 Како тоа да се спречи?
👉 Како до безбеден пристап и игра?

🐾 Низ едукативна игра со тимот на „Миленици“ ќе научиме:
✔️ како правилно да им пристапиме на милениците,
✔️ кои се најважните хигиенски навики –
✔️ зошто е важно да не ги вознемируваме милениците додека јадат, пијат вода или
спијат.

👬👭👫‍‍‍ Добредојдени се и родители што размислуваат да вдомат милениче, како и идни
родители кои веќе имаат миленик – ќе споделиме совети за тоа како да се привикне
миленикот на новиот член во семејството.

🎉 Нè очекуваат игра, учење, дружење и многу насмевки!

✨ Учеството е бесплатно! ✨ Пожелно е да ги пријавите дечињата во порака (име и возраст) за да ги спремиме потребните материјали :)

📅 12.10.2025
🕚 11:00 – 14:00 часот
📍 Карпош 4

🐈‍⬛ Таурин: незаменлива аминокиселина за мачкитеТауринот е аминокиселина која е клучна за здравјето на мачките. Мачките ...
07/10/2025

🐈‍⬛ Таурин: незаменлива аминокиселина за мачките

Тауринот е аминокиселина која е клучна за здравјето на мачките. Мачките не можат да произведат доволно таурин за да ги задоволат своите потреби, па мора секој ден да го внесуваат преку храната.

💡 Зошто е толку важен?

Срце: Тауринот е неопходен за нормално функционирање на срцевиот мускул. Недостатокот води до дилатирана кардиомиопатија (DCM) – ослабено и зголемено срце кое тешко пумпа крв.

Очи: Во ретината (видниот дел од окото) тауринот ја одржува структурата и функцијата. Недостатокот доведува до постепено оштетување и неповратно слепило.

Варење: Тауринот е составен дел од жолчните соли, кои се клучни за варење и апсорпција на масти и витамини. Без него, варењето е сериозно нарушено.

Размножување и раст: Недостатокот на таурин може да предизвика проблеми со плодноста и слаб развој на младенчињата.

⚠️ Клучно за сопствениците:
Сите сомерцијални храни за мачки имаат додаден таурин за да се спречи дефицит. Но, мачки кои се хранат со кучешка храна или со домашно подготвена храна без соодветни додатоци се во сериозен ризик.

🥚 Јајцето – супер додаток во чинијата на вашиот миленик!Јајцето е богат извор на протеини, витамини и минерали кои го за...
01/10/2025

🥚 Јајцето – супер додаток во чинијата на вашиот миленик!

Јајцето е богат извор на протеини, витамини и минерали кои го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат кожата и го прават крзното сјајно ✨

💡 Совет: Препорачливо е да му давате на миленикот едно варено јајце еднаш неделно, за да ги искористи сите придобивки без ризик од дигестивни проблеми или вишок калории.

Дали некогаш сте му дале јајце на вашето куче или маче? 🐾

🐾 Ајде да им најдеме домче! 🐾Веќе два месеци овие три прекрасни мачиња се со нас – ги најдовме мали, исплашени и без заш...
20/08/2025

🐾 Ајде да им најдеме домче! 🐾

Веќе два месеци овие три прекрасни мачиња се со нас – ги најдовме мали, исплашени и без заштита на улица, а сега се здрави, весели и подготвени за своите нови семејства. 💕

✨ Прочистени од внатрешни и надворешни паразити
✨ Вакцинирани
✨ Две машки и едно женско

🎁 Бонус: доколку ги вдомите, ќе добиете бесплатна кастрација/стерилизација кога ќе дојде време.

Ве молиме споделете за да стигнеме до што повеќе луѓе – можеби некој токму денес бара ново маче! 🐱

🫐✨ БОРОВИНКИ - Здрава и вкусна ужинка што милениците ја обожаваат! 🐾Дали знаевте дека боровинките се одлични и за вашето...
06/08/2025

🫐✨ БОРОВИНКИ - Здрава и вкусна ужинка што милениците ја обожаваат! 🐾

Дали знаевте дека боровинките се одлични и за вашето куче или маче?

Еве зошто:

✅ Богати со антиоксиданси – го јакнат имунитетот
✅ Поддржуваат здраво варење
✅ Содржат витамини C, A и K
✅ Природно нискокалорични и вкусни!

🍦 Рецепт

Уште денес направете им вкусна и здрава грицка:
🥄 Се што ви треба: боровинки + немасен грчки јогурт (или кисело млеко)
🔄 Изблендирајте
🧊 Истурете во силиконски калапи
❄️ Замрзнете 3-4 часа

Voila – освежување и витамини во секој залак! 💙

⚠️ Секогаш давајте во умерени количини и без додадени шеќери!

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 22:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 00:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ветеринарна амбуланта Миленици posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ветеринарна амбуланта Миленици:

Share

Category