Мали Херои - Здружение за заштита на животни

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Мали Херои - Здружение за заштита на животни

Мали Херои - Здружение за заштита на животни Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Мали Херои - Здружение за заштита на животни, Animal Rescue Service, Bitola.

https://peticija.mk/Petitions/Details/72?fbclid=IwdGRjcARdoCdjbGNrBF2gC2V4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOA...
28/04/2026

https://peticija.mk/Petitions/Details/72?fbclid=IwdGRjcARdoCdjbGNrBF2gC2V4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHmpto_ny1oegGTCNqoW34_o_R69yCmFyd9psArJJeMr4Y5sPIinIV4-SxTuv_aem_C37O1GEZtb28Ty_0hy_hrg

Како граѓанска организација, ја покренуваме оваа петиција и ги повикуваме граѓаните да се приклучат во изразувањето несогласување со предложените измени на Закон...

Кучево два дена се вртка во горниот дел на улица Романија (Битола). Личи како да е загубено. Ако ги познавате сопствениц...
04/04/2026

Кучево два дена се вртка во горниот дел на улица Романија (Битола).
Личи како да е загубено. Ако ги познавате сопствениците, ве молиме известете ги.

Преубави кученца за вдомување!!!Новости за кученцата од Симпо.Веќе се вакцинирани, прочистени неколку пати и порастени м...
26/02/2026

Преубави кученца за вдомување!!!

Новости за кученцата од Симпо.
Веќе се вакцинирани, прочистени неколку пати и порастени малку поголеми од мачка.
Социјализирани со луѓе, други кучиња и мачки.
Бараат топло домче и искрена љубов.
Ги добивате здрави, двојно вакцинирани, третирани против внатрешни и надворешни паразити, искапени и спремни за вашата безусловна љубов.
Благодарност до сите кои донираа за вакцини, храна и ампули.

Кој сака да си вдоми љубов нека се јави на 075 705 660

17/02/2026

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик - бараме напуштањето да стане кривично дело❗️
🔸При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот.
🔸Овој пример не значи дека тоа е единствениот извор на проблемот, туку претставува јасен доказ „во мало“, често видлив во пракса. Неодговорното сопствеништво, заедно со појави како дислокација на кучиња и континуиран прилив на животни од различни страни, суштински ја нарушуваат програмата и создаваат состојба во која станува речиси невозможно ефикасно да се контролира и сузбие. Наместо постепено намалување на бројот на бездомни кучиња, овие фактори постојано го обновуваат и продлабочуваат проблемот, поништувајќи ги напорите на институциите и службите на терен.
🔸Додека ЈП Лајка троши ресурси за заловување, стерилизација и згрижување, паралелно се создава нова генерација кучиња што повторно ќе завршат на улица - слободно пуштени, репродуктивно способни и оставени без надзор. Без санкции, без контрола и без лична одговорност, системот ги третира само последиците, но не и причините за проблемот.
🔸Истовремено, во последните 4,5 месеци сe почесто сведочиме на дислокација на кучиња- префрлање од една општина во друга, организирано префрлање на топката наместо вистинско решавање. Таквите дејствија, кои ги сметаме за координирани, дополнително ја продлабочуваат кризата и покажуваат дека, покрај неодговорното сопствеништво, постои и сериозен проблем со организирано исфрлање животни на туѓа територија, со фокус на град Скопје.
🔸Фактот дека пет од шест заловени кучиња имаат сопственик е директен доказ дека проблемот не може да се реши без строга законска регулација. Потребни се сериозни, неизбежни и доследно применувани казни за неконтролиран расплод, за пуштање кучиња без надзор и за напуштање животни.
Повеќе од се, предлагаме и бараме НАПУШТАЊЕТО МИЛЕНИК ДА СТАНЕ КРИВИЧНО ДЕЛО.
🔸Во повеќе европски држави напуштањето животно се третира како кривично дело со можност за високи парични казни и затворска санкција (Хрватска, Франција, Португалија). Со тоа државата јасно порачува дека оставањето миленик на улица не е „лична одлука“, туку општествено штетно и казниво дејствие. Напуштеното животно е неодговорност што има директни последици врз јавната безбедност, буџетите на општините и благосостојбата на животните.
🔸Иницијативата за криминализација на исфрлањето миленик на улица, вклучително и оставање мали кучиња, електронски ја имаме доставено до Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Владата на РМ и Агенција за храна и ветеринарство. Очекуваме институционален одговор и конкретни законски измени, како и што поскора измена на Законот за заштита и благосостојба на животните кој е во процедура.
🔸Животните не се виновни што се на улица. Не е решение да се убиваат животните. Решението е да се спречи создавањето нови напуштени животни - а тоа може да се постигне само ако одговорноста стане реална, лична и најстрого санкционирана.
🔸Ако сакаме системско решение, системот мора да се промени . Законот мора да го спречи проблемот пред да се појави и оневозможи неодговорност без последици. Затоа што систем што толерира напуштање создава страдање.
А само систем што казнува неодговорност, може да создаде ред.

🫶Бараме дом за овај прекрасен 6-месечен мачор.👇👇👇👇Спасен од ужасите на улиците, до сега беше привремено згрижен кај хума...
17/02/2026

🫶Бараме дом за овај прекрасен 6-месечен мачор.👇👇👇👇
Спасен од ужасите на улиците, до сега беше привремено згрижен кај хумани луѓе, кои се заслужни за неговата трансформација во ваков убавец 🐈💛.
✨Денес е спремен за нов живот, нов постојан дом и ново семејство кое ќе ужива во прегратките и љубовта што тој безусловно ќе им ја дарува.
💛Се вдомува исклучително за во домашни услови.
Битола
☎️ 071929525

📍Итно 🆘 Битола📍Овие 4 малечки кутриња, вчера беа оставени сами и беспомошни на улица, без своја вина, напуштени безмилос...
25/12/2025

📍Итно 🆘 Битола📍
Овие 4 малечки кутриња, вчера беа оставени сами и беспомошни на улица, без своја вина, напуштени безмилосно. Единствено за што се "виновни" веројатно е што се родиле женски.
За жал тоа е менталитетот на нашите сограѓани..
🎀 Среќа во несреќа е што една девојка ги најде и вечерта ги згрижи. За момент успеа да им покаже како изгледа топол дом полн со љубов. Но нема можност нити услови да ги задржи повеќе од еден ден.
🆘 Ве замолуваме сите вие кои имате малку простор привремено да преземете дел од кутрињата (или сите заедно). Трошоците за храна ќе бидат покриени и ќе помогнеме со секојдневно објавување се до нивно вдомување.
☎️078367460
Се надеваме дека вашата хуманост ќе им помогне на овие невини душички да преживеат

👇❌
19/12/2025

👇❌

Update: Кучето е пронајдено, благодарение на вашата соработка. Повредено е,  однесено на ветеринар,прими терапија и ќе б...
04/12/2025

Update: Кучето е пронајдено, благодарение на вашата соработка. Повредено е, однесено на ветеринар,прими терапија и ќе биде во ред. 👏🥰 Благодариме

📍Исчезнато е куче, Буба, која живееше во населба Ниже Поле.(Битола).
Доколку некој има било каква информација за кучето, (земено од други лица, не дај боже отруено или прегазено) ве моламе известете ги луѓето кои се грижеа за Буба и за уште неколку маалски кучиња.
ПС проверено е во Хачико, не е во прифатилиштето.
☎️Контакт
Наташа 076202498 treba

📍Битола,Доколку некој си го има  загубено мачето (питомо и со ремче) може да го побара кај зградите на ул.Младински Бриг...
24/11/2025

📍Битола,
Доколку некој си го има загубено мачето (питомо и со ремче) може да го побара кај зградите на ул.Младински Бригади, спроти ОУ Елпида Караманди

👇За прифатилиштето- Хачико  во Битола📍📢 Дополнително да се отвори случај и за  проневерите со вакцините против беснило о...
14/11/2025

👇За прифатилиштето- Хачико во Битола📍
📢 Дополнително да се отвори случај и за проневерите со вакцините против беснило од ветеринарни амбуланти кои учествуваат во процесот!
- За кучиња кои се водат како поминати низ хуманиот третман а се затекнати во циклус!
- За расни кучиња кои врват низ процесот како "бездомни" и потоа се "вдомуваат" од своите сопственици, иако претходно не ни биле објавени на страната за вдомување!

13/11/2025

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мали Херои - Здружение за заштита на животни posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Мали Херои - Здружение за заштита на животни:

Share